Свет
Најмалку 6 убиени во сирискиот град Латакија
Во комбиниран копнено-поморски напад на сириската армија во неделата врз квартот Ал-Рамл ал-Жунуби во пристанишниот град Латакија, убиени се најмалку шест а тешко ранети 15 цивили, соопшти сириската Канцеларија за заштита на човековите права.
Во комбиниран копнено-поморски напад на сириската армија во неделата врз квартот Ал-Рамл ал-Жунуби во пристанишниот град Латакија, убиени се најмалку шест а тешко ранети 15 цивили, соопшти сириската Канцеларија за заштита на човековите права. Во соопштението што го цитира AFP се наведува дека врз квартот Ал-Рамл ал-Жунуби било стрелано од воени бордови.„Воените бродови ја нападнаа Латакија, а експлозии можеа да се слушнат во неколку населби“, се наведува во соопштението. Покрај гранатирањето од бродовите, во градот се слушале и истрели кои доаѓале од правец на позициите каде се распоредени припадниците на сириските безбедносни сили како и припадниците на прорежимските локални милиции познати како „„шабиха“.Во саботата во Латакија беа убиени два цивила а 20 тенкови и оклопни возила навлегоа во населбата Ал-Рамл ал-Жунуи. Kако што информираше сириската Канцеларија за заштита на човековите права, голем број од локалните жители, претежно деца и жени, уште во саботата го напуштиле градот стравувајќи од воена акции.Последните неколку денови квартот Ал-Рамл ал-Жунуби беше центарот на масовни протести. Како и во другите градови од Сирија, каде протестите траат веќе пет месеци, и во Латакија демонстрантите бараат оставка од претседателот Башар ал-Асад и заминување на неговиот режим./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.