Свет
Талибани: Во голема експлозија во Авганистан убиени 27 американски војници
Во силна експлозија којашто одекнала во американската воена база во источниот дел на Авганистан, наводно, загинаа најмалку 27 американски војници, а десетици се повредени, јавува Press TV повикувајќи се на талибански извори.
Во силна експлозија којашто одекнала во американската воена база во источниот дел на Авганистан, наводно, загинаа најмалку 27 американски војници, а десетици се повредени, јавува Press TV повикувајќи се на талибански извори.
Портпаролот на талибаните, Забиулах Муџахид ја презеде одговорноста за смртоносниот напад, тврдејќи дека во големата експлозија загинале најмалку 27 американски војници, а 34 биле ранети, јавува дописникот на телевизијата од Авганистан.
Инцидентот се случи рано утрово кога камион-бомба експлодирал на територијата на базата на американската армија крај градот Гардез, главниот град на авганистанската провинција Пактиа.
Според портпаролот на талибаните, камионот содржел неколку стотици килограми експлозиви.
Сведоците велат дека експлозијата била многу моќна и во неа бил уништен и хеликоптер на американската војска.
Засега нема потврда за нападот од командата на НАТО во Авганистан.
Италијанската новинска агенција Ansa, пак,повикувајќи се извори во ИСАФ, јавува дека во нападот загинале двајца авганистански полицајци, а повеќе цивили биле ранети. Според оваа информација нападот бил спречен на влезот од базата и бил изведен со автомобил-бомба и притоа се наведува дека нема жртви меѓу припадниците на ИСАФ. .
Американските сили во Авганистан се соочуваат со најкрвавите денови од почетокот на инвазијата во Авганистан во 2001 година. На 6 август, најмалку 31 американски специјалци беа убиени кога талибанските милитанти соборија американски хеликоптер во составот на НАТО од контингентот на Меѓународните безбедносни сили за помош (ИСАФ) во источната провинција Вардак. Тоа беше најголема загуба во еден напад на странските сили во Авганистан.
Во друг напад од 11-ти август,командата на ИСАФ потврди дека шест американски војници ги загубија животите во експлозија на нагазна мина. /крај/птв/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.