Свет
Папата го осуди конзерватизмот и обезвреднување на верите
Папата Бенедикт XVI денеска во Мадрид на одбележувањето на Светскиот ден на младите ги осуди конзументаризмот и хедонизмот, кои што преовладуваат во современото општество.
Папата Бенедикт XVI денеска во Мадрид на одбележувањето на Светскиот ден на младите ги осуди конзументаризмот и хедонизмот, кои што преовладуваат во современото општество.Папата се осврна и на несигурноста при вработувањето на младите луѓе, а ја критикуваше и „отворената дискриминација“ над младите католички верници.Бенедикт XVI на мадридскиот аеродром беше пречекан од шпанскиот крал Хуан Карлос и неговата сопруга, кралицата Софија, при што изрази задоволство што на Светскиот ден на младите ја посетува Шпанија.„Младите ја гледаат површност конзументаризмот и хедонизмот кои што преовладуваат во светот и со соочуваат со многу баналности, со недостиг на солидарност и со многу корупција. Но, тие се свесни дека без Господ тешко ќе може да се соочат со сите тие предизвици“, порача Бенедикт XVI.Папата истакна дека многу млади со загриженост гледаат кон својата иднина, знаејќи дека е тешко да се најде вработување, а има многу кои ги загубија работните места.На Светскиот ден на младите, што го организира Католичката црква во Мадрид, се собраа над 400.000 млади од целиот свет. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.