Свет
Триполи речиси освоен, заробени синовите на Гадафи
Либиските бунтовници го контролираат најголемиот дел од либиската престолнина Триполи, заробени се двата сина на Моамер Гадафи, а Преодниот совет постепено ја презема власта.
Либиските бунтовници го контролираат најголемиот дел од либиската престолнина Триполи, заробени се двата сина на Моамер Гадафи, а Преодниот совет постепено ја презема власта.Хашкиот трибунал потврди дека бунтовниците го уапсиле Сејф ал-Ислам, медиумски најекспонираниот син на Гадафи, против кого во јуни беше покрената обвинение.Зоната што ја контролира Гадафи во текот на ноќта ограничена е на само еден кварт, единицата на гардата за негова заштита се предаде, а илјадници луѓе веќе прославуваат на Зелениот плоштад во Триполи.Над 1.300 лица загинале во борбите за време на изминатиот викенд.Американскиот претседател Барак Обама го повика Гадафи да отстапи, констатирајќи дека „тиранскиот режим ја загуби контролата и дека САД го признаваат Националниот преоден совет како легитимна влада на Либија“. Помирувачка порака испрати претседателот на Националниот преоден совет, Мустафа Абдел Џалил, кој побара од своите борци да бидат воздржани со заробените војници на Гадафи.„Заедно ќе ја создадеме историјата, исто како што заедно страдавме за време на 42-годишната диктатура на Гадафи. Либија е земја на сите нас и сите заедно ќе создадеме држава, базирана на уставот кој нема да прави разлики помеѓу половите, верите и племињата. Либија ќе биде пример за арапскиот свет“, рече Џалил.Портпаролот на Националниот преоден совет, Махмуд Шамам изјави дека полковникот Гадафи нема да биде повреден доколку падне во рацете на бунтовниците./крај/б92/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.