Свет
Израелските власти и Гугл постигнаа договор за снимање на улиците и градовите
Израелските власти постигнаа договор со Гугл со кој се обезбедува сервисот на Гугл, познат како Стрит вју, да биде овозможен и во Израел, но да не биде злоупотребен за планирање на терористички напади во оваа земја.
Израелските власти постигнаа договор со Гугл со кој се обезбедува сервисот на Гугл, познат како Стрит вју, да биде овозможен и во Израел, но да не биде злоупотребен за планирање на терористички напади во оваа земја.Израелското Министерство за разузнавачки дејности соопшти дека договорот конечно е постигнат, без да се наведат детали од договорот.Неколку израелски министри учествуваа шест месеци во панелот чија задача беше изработка на стратегија што би требало да обезбеди безбедноста на Израел да не биде компромитирана поради сервисот на Гугл.Фотографии на улиците на израелските градови снимени од сателит веќе со години се достапни на вториот сервис на Гугл, Гугл ерт.Сервисот Стрит вју веќе е достапен во повеќе од 30 држави на сите седум континенти, а Израел ќе биде првата држава на Блискиот исток што ќе биде достапна на овој сервис.Гугл прави фотографии така што на автомобили, трицикли и моторни санки поставува фотоапарати кои ги фотографираат улиците и пределите од сите агли. Корисниците на Гугл мап на тој начин можат да ги разгледуваат улиците во саканите градови со едноставно зумирање за 360 степени.Поради овој сервис Гугл имаше проблеми во неколку држави, кои сметаат дека американската компанија ја повредува приватноста. Од тие причини, Гугл во некои држави замаглуваше фотографии на кои се гледаат лица или регистрации на возила, броеви на куќи и други детали. /крај/ап/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.