Контакт

Свет

Шест жители на Газа убиени последните 24 часа

Објавено пред

Болнички извори од појасот Газа тврдат дека најмалку шест лица се убиени во израелските воздушни напади врз крајбрежјето на енклавата во изминатите 24 часа.

dobivaj vesti na viber

Болнички извори од појасот Газа тврдат дека најмалку шест лица се убиени во израелските воздушни напади врз крајбрежјето на енклавата во изминатите 24 часа.Пет лица загинаа, а 30 други се повредени во серијата израелски воздушни напади во раните утрински часови која продолжи и денеска, пренесува AFP повикувајќи се на изјава на Адхам Аму Селмија, портпарол на Службата за итна помош во Газа.Меѓу убиените двајца биле членови на исламистичкото џихадистичко движење, идентификувани како 34-годишниот Исмаил ал-Асмар и 65-годишниот Исмаил Амум. Асмар бил убиен кога неговото возило вчера било погодено со израелски проектили во јужниот град Рафах. Телото на Амум било пронајдено откако тој бил убиен во претходен напад во близина на Деир ал-Балах во централна Газа.Друг активист на џихадистичкото движење, 20-годишниот Атија Муркат, исто така бил убиен во израелски напад синоќа, а во одвоен напад бил убиен цивил кој работел на еден од подземните тунели коишто водат од Газа на друга страна од границата со Египет. Според Палестинците овие тунели се користат за снабдување со храна и други средства од кои има недостиг во енклавата, поради израелската блокада.. Според Израел, пак, овие подземни премини кон Египет ги користат палестинските милитанти за снабдување со оружје и проектили кои ги истрелуваат врз израелската територија. Израел продолжи со нападите врз појасот Газа и денеска наутро, кога воените авиони погодија спортска сала во северниот град Беит Лахија, при што загина еден цивил, а ранети се други 20. Неколку часа подоцна, двајца од цивилите кои се здобиле со тешки повреди, починале поради сериозноста на повредите.Тел Авив се закани со нови напади врз појасот Газа, кој е под израелската опсада како и во 2007 година. Израелската армија врши бомбардирања врз појасот Газа, велејќи дека тоа се превентивни напади за одбранбени цели, како одговор на ракетирањата на израелската територија од појасот ГазаПојасот Газа е под блокада од 2007 година, што предизвика огромен пад на стандардот на населението, рекордна стапка на невработеност и голема сиромаштија.Израел ги засили своите воздушни напади врз појасот Газа во текот на изминатите неколку дена, при што во палестинската енклава загинаа повеќе од 20 лица, а десетици се ранети.  Нападите уследија откако палестинските милитанти минатиот четврток истрелаа повеќе ракети и минофрлачки гранати над Израел, при што едно лице загина, а четири беа ранети. Истиот ден во координирани напади на вооружени палестински групи беа убиени осум Израелци, а 31 беа повредени./крај/афп/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Бајден тајно и го испрати на Украина најмоќното оружје досега, тие веќе жестоко ги нападнаа Русите

Објавено пред

Соединетите држави тајно испратија нов ракетен систем со долг дострел во Украина минатата недела, а украинските сили веднаш го искористија оружјето за да нападнат руски воен аеродром на Крим минатата среда и руски војници во југоисточниот дел на земјата во текот на ноќта во вторникот, изјави американски официјален претставник за „Њујорк Тајмс“.

dobivaj vesti na viber

Соединетите Американски Држави претходно и доставија на Украина верзија на овој тактички ракетен систем – познат како ATACMS – кој може да носи касетна муниција до растојание од 160 километри.

Но, Украина долго време копнееше за верзија на системот со подолг дострел, со домет од околу 450 километри, кој може да достигне подлабоко во окупирана Украина, вклучувајќи го и Крим, центарот на руските воздушни и копнени сили и центрите за снабдување на силите на Москва во југоисточниот дел на земјата.

Во текот на ноќта во вторникот, Украина употреби ракети со поголем дострел за да ги нападне руските војници во пристанишниот град Бердјанск на Азовското Море, изјави висок американски претставник.

Минатата среда, профилите на социјалните мрежи во Украина објавија големи пожари и експлозии на воениот аеродром во Џанкој, Крим, за кој висок американски функционер рече дека исто така бил цел на ATACMS.

Во говорот таа вечер, украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на генералот Олександр Сирски, главниот командант на Украина, но не кажа повеќе за нападот.

Американскиот претседател Бајден тајно ја одобри одлуката за испраќање повеќе од 100 ракети со поголем дострел во средината на февруари, изјави висок функционер, како и повеќе варијанти на касетна муниција. Тие беа дел од испораката на оружје за Украина во март вредна 300 милиони долари.

Бајден долго време одбиваше да испраќа ракети со поголем дострел поради неколку причини, рече официјалниот претставник. Прво, американската војска одлучи да го намали бројот на проектили што ги продава на трети земји, намалувајќи ја загриженоста на Пентагон за можниот недостиг. Зголемената употреба на балистички ракети од страна на Русија и зголемените напади врз клучната инфраструктура, исто така, ја поттикна Украина поагресивно да бара оружје што би можело да помогне во спротивставувањето на овие закани.

Првите напади со новите ракети имаа разорни последици, пишува NYT. Видеата објавени од жителите на социјалните мрежи минатата среда ги покажуваат пожарите што избувнаа по нападот. Четири часа по нападот, Crimean Wind, група која ги следи објавите на локалните социјални мрежи, извести дека погодената руска муниција сè уште експлодира. Тие рекоа дека се разнесени прозорците на куќите во близина на аеродромот.

Подоцна, Генералштабот на Украина објави снимка од ракетниот напад со детали за нападот на украинските безбедносни претставници – четири ракетни системи земја-воздух С-400, три радарски станици, командно место за воздушна одбрана и систем за команда и контрола на одбраната на Крим.

Прикажи повеќе...

Свет

Сандерс: Израел има за цел да ги елиминира Палестинците, а не Хамас

Објавено пред

Американскиот сенатор Берни Сандерс рече дека она што Израел го прави во Појасот Газа повеќе не е војна против Исламското движење на отпорот Хамас, туку елиминација на животното ткиво на Палестинците.

dobivaj vesti na viber

Во говорот пред Конгресот за одобрување на странска помош, вклучително и безбедносна помош за Израел, Сандерс додаде дека она што се случува во Појасот Газа не е несреќа или воена грешка, туку пресметана политика која систематски се спроведува шест месеци.

Тој посочи дека е невозможно да се погледнат сите овие факти и да не се заклучи дека политиката на израелската влада е насочена да го направи Појасот Газа неподобен за живот, а тоа всушност и се случува.

Американскиот сенатор го критикуваше и американското соучесништво во војната во Појасот Газа и рече дека војната во Газа се гледа како израелско-американска војна.

Тој објасни дека „поголемиот дел од бомбите и воената опрема што ги користи Израел во војната во Појасот Газа ги обезбедува нашата земја со парите на американските даночни обврзници“.

Тој посочи дека САД и даваат милијарди долари на владата на Бенјамин Нетанјаху, која ги затвора границите на Појасот Газа и спречува храна и медицински материјали да стигнат до оние на кои им е потребна.

Сандерс рече дека Израел систематски го уништувал здравствениот систем во Појасот Газа, а од вкупно 37 болници уништил 26 од нив, кои се целосно вон функција, додека останатите само делумно работат.

Сандерс, независен член на Сенатот, рече дека ќе воведе законски амандмани за намалување на милијардите од воената помош за Израел, нагласувајќи дека САД не можат да продолжат да ја финансираат оваа „страшна војна“ во Појасот Газа.

Прикажи повеќе...

Свет

Бајден го потпиша законот: „Тик-ток“ има една година да најде нов сопственик или ќе биде целосно забранет во Америка

Објавено пред

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон што може да доведе до целосна забрана на „Тик-ток“ во САД, доколку „ByteDance“, кој е сопственик на „Тик-ток“, не го продаде својот удел во компанијата во рок од една година.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на „Тик-ток“, Алекс Хаурек, рече дека планираат да го оспорат овој закон на суд, што би можело дополнително да ги одложи роковите, доколку судот одлучи да го одложи спроведувањето на законот до конечната судска одлука.

Исто така, се поставува прашањето како Кина ќе реагира на оваа ситуација и дали ќе дозволи „ByteDance“ да го продава „Тик-ток“, а особено неговиот алгоритам кој ги задржува корисниците заинтересирани за апликацијата.

Директорот на „Тик-ток“, во видео порака го изразува своето незадоволство посочувајќи дека станува збор за потенцијална забрана која ќе влијае на корисниците на апликацијата и нивната слобода на говор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија3 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија4 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија4 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија5 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија6 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија7 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија7 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија7 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија7 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија8 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија8 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија8 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија8 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија9 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија9 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија10 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија12 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија14 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....