Контакт

Свет

Најмалку 18 загинати во експлозијата на канцеларијата на ОН во Нигерија

Објавено пред

Во експлозијата што се случи денеска претпладне по локално време во зградата на мисијата на Обединетите нации (ОН) во Абуџа, главниот град на Нигерија, загинале најмалку 18 лица, јавува Reuters, повикувајќи се на првична оценка на еден од спасувачите

dobivaj vesti na viber

Според очевидците, пред зградата на ОН во Абуџа има многу амбулантни возила кои ги пренесуваат настраданите, а од објектот се издига густ црн чад. „Можам само да потврдам дека имаше експлозија на зградата на ОН“, изјави портпаролот на полицијата во Абуџа.„Распоредивме наши полициски и деминирачки екипи. Засега не можеме да кажеме колку жртви има во експлозијата“, го цитира агенцијата полицискиот портпарол.Како што јавува Associated Press, повикувајќи се на очевидци, од силната експлозија било разурнато барем едно крило од трикатната зграда во која е сместена мисијата на ОН во Нигерија. Како што наведува агенцијата, зградата на мисијата на ОН се наоѓа во близината на амбасадата на САД во Нигерија во кварт во кој се лоцирани и други странски дипломатски мисии.Портпаролот на полицијата во Абуџа, Џимох Мошуд за AP изјавил дека сé уште не е позната точната причина за експлозијата.Исто така, засега нема потврда ниту за точниот број настрадани. Очевидци, според AP,  велат дека полицијата сé’уште го пребарува местото на експлозијата во потрага по настраданите.Според AFP, кој се повикува на потврда од претставник на нигериската полиција, експлозијата ја предизвикал бомбаш самоубиец а покрај 18-те жртви има и осуммина ранети. Во тешко оштетената зграда, според полициски извори, останале заробени многу вработени во мисијата на ОН.  Според очевидци, напаѓачот ја предизвикал експлозијата откако со автомобил „хонда акорд“ во кој имало експлозив се залетал во главната капија Подоцна денеска Началникот на нигериската сојузна полиција во Абуџа, Мик Зукумор на прес-конференција потврдил дека досега најмалку 18 лица ги загубиле животите во експлозијата во зградата на мисијата на ОН. Засега ниедна од локалните милитантни групи не ја презема одговорноста за нападот. Меѓутоа, сомневањата паѓаат на исламистичката секташка групација Боко Харам, којашто досега имаше изведено неколку вакви напади. Припадниците на Боко Харам во последно време ги засилија нападите врз владини цели а безбедносните сили на Нигерија го убија лидерот, Мохамед Јусуф, додека тој беше во притвор во 2009 година.Боко Харам е обвинета за бомбашки напади и престрелки во североисточниот дел на земјата. Според Меѓународната кризна група чие седиште е во Брисел, во етничките и верските конфликти во Нигерија во периодот меѓу 1999 и 2009 година загинаа повеќе до 14 илјади луѓе. Во март годинава, во централниот дел на Нигерија, имаше крвави секташки судири секташки во кои загинаа најмалку 500 луѓе. Тогаш судирите исто така се случија во близината на градот Џос. Причината за трагедијата беше расправија меѓу локалните христијани и муслимани. Жртвите на слични судири имаше и во средината на јануари 2010 година кога загинаа најмалку 326 луѓе.Големи судири меѓу ривалските етнички и религиозни групи во Џос се случија и кон крајот на ноември 2008 година. Тогаш загинаа 381 луѓе во градот а во бранот  масакри беа запалени околу стотина куќи, како и цркви и џамии.Нигерискиот претседател Гудалк Џонатан во мај ја презема должноста положувајќи заклетва по изборите кои беа одржани на 16-ти април на кои се случија серии протести и безредија во кои животите ги загубија повеќе од 800 луѓе.Претседателот Џонатан, кој има целосна поддршка на југот, но освои и милиони гласови на северот, вети формирање на влада која ќе ги вклучи сите политички, етнички и религиозни групи и која ќе се обиде да ги смири  недоразбирањата и тензиите.Гудлaк Џонатан доаѓа од јужниот нафтоносен дел на земјата населен претежно со христијани, јужна, Според најновите податоци од државната изборна комисија, тој доби 57 отсто од гласовите и на тој начин ја задржа претседателската функција уште по првиот круг од изборите. Неговиот главен противкандидат Бухари, кој доаѓа од северниот муслимански дел на Нигерија освои 31отсто од гласовите.Нигерија е најголемиот производител на нафта во Африка, и извезува околу 2,2 милиони барели нафта дневно. Меѓутоа, нафтената индустрија земјата трпи загуби поради честите напади што ги изведуваат борците на Движењето за ослободување на делтата на Нигер и други вооружени групи, врз објекти на „Chevron“, „Shel“  и други нафтени компании.Во јануари во четиридневните насилства според официјалните податоци биле убиени 326 луѓе во Џос, кој е главен град на нигериската сојузна држава Платеа, која се наоѓа меѓу муслиманскиот север и христијанскиот југ.Судири меѓу муслиманските милитанти и нигериската војска се разгоруваат повремено во регионите Борно, Потискум и Јоба. Спорадични пресметки има и во провинцијата Вудилу, на околу 20 километри од Кано, најголем град во северниот дел од Нигерија, како и во Баучи, во една од 12 провинции во северна Нигерија со мнозинско муслиманско население. Таму пред девет години почна да спроведува шеријатско право, што предизвика судири меѓи муслиманите и припадниците на локалното христијанско малцинство, и оттогаш во судирите се убиени повеќе од илјада лица.Нигерија е составена од  вкупно 36 држави и има население од околу 150 милиони, кои речиси по половина се христијани и муслимани.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Објавено пред

Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.

dobivaj vesti na viber

Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.

Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.

Прикажи повеќе...

Регион

Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница

Објавено пред

Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.

dobivaj vesti na viber

Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.

Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.

Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.

Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.

Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.

„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Свет

Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца

Објавено пред

Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.

dobivaj vesti na viber

Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал ​​Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.

Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија3 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија3 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија4 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија4 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија4 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија15 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија15 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија16 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија16 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија17 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија18 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија19 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија19 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија19 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија19 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија20 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија20 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....