Свет
Ураганот Ирена тргна кон Канада, се формира нов ураган Хозе
Ураганот Ирена усмрти најмалку 20 лица, милиони луѓе беа присилени на евакуација, додека најмалку пет милиони луѓе останаа без електрична енергија, е билансот на досегашното дивеење на ураганот, кој пред да го зафати Њујорк, ослабе до тропска бура.
Ураганот Ирена усмрти најмалку 20 лица, милиони луѓе беа присилени на евакуација, додека најмалку пет милиони луѓе останаа без електрична енергија, е билансот на досегашното дивеење на ураганот, кој пред да го зафати Њујорк, ослабе до тропска бура.Ураганот веќе го напушти источниот брег на САД и стигна до Канада. Ураганот Ирена има размер од 840 километри, што е речиси една третина од вкупната должина на американскиот источен брег. Такви урагани на североистокот на САД обично нема, а последниот кој го погодил Њујорк беше Глорија во 1985 година. Метеоролозите, сепак, предупредуваат дека ураганот, иако со ослабени ветришта од 80 километри на час, се уште претставува опасност. Засега се уште не се знае колкава материјална штета предизвикал Ирена, но се првичните проценки посочуваат на сума од неколку милијарди долари, додека некои извори посочуваат и на штета од преку десет милијарди долари. Најголема штета во историјата на САД предизвика ураганот Кетрин, кој во 2005 година го опустоши градот Њу Орлеанс и предизвика штета од околу 100 милијарди долари. Повеќе од 1.800 луѓе го загубија животот од овој ураган, а неколку стотици илјади жители останаа без своите домови. Американскиот центар за следење на урагани денеска предупреди дека над Атлантикот се формира нова бура, Хозе, десета по ред во овогодинешната сезона на урагани. Хозе се формирал на 185 километри југозападно од Бермудите и се движи кон север. Метеоролозите сметаат дека Хозе нема да претставува опасност за брегот. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.