Свет
Судар на НАТО авиони над Литванија
Еден литвански и еден француски авион во составот на НАТО силите, денеска се судрија во воздухот над Литванија, пилотите на авионите кои учествувале во инцидентот минале без повреди.
Еден литвански и еден француски авион во составот на НАТО силите, денеска се судрија во воздухот над Литванија, пилотите на авионите кои учествувале во инцидентот минале без повреди.„Литванскиот воен авион Л-39 се судри во воздухот со еден француски „Мираж“. Двајцата литвански пилоти успешно се катапултираа и пронајдени се без ниту една повреда“, изјави Лена Гулбиниене, помошник командант во воздухопловната база Шјаулај на северот на Литванија. Во базата Шјауал е сместена мисијата на НАТО за подрачјето на Балтикот. Гулбиниене дополни дека по инцидентот францускиот авион успешно слетал. крај/т/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти EMSC.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километри од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12:37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, по што следеа афтершокови.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.