Свет
Узбекистан го претстави својот супер брз воз
Узбекистан пред медиумите го претстави својот супер брз воз, кој од септември ќе сообраќа на релацијата Ташкент-Самарканд, односно ќе го спои главниот град на оваа централноазиска држава со древниот град кој е преполн со историски споменици.
Узбекистан пред медиумите го претстави својот супер брз воз, кој од септември ќе сообраќа на релацијата Ташкент-Самарканд, односно ќе го спои главниот град на оваа централноазиска држава со древниот град кој е преполн со историски споменици. Возот е дело на шпанската групација „Патенес Талго“. Далечината од 344 километри, колку што ги дели Ташкент и Самарканд, возот ќе ја минува за два часа и 10 минути. Супер брзиот воз може да достигне максимална брзина од 254 километри на час. „Патенес Талго“ првиот воз го испорача на 22. јули, а вториот се очекува да пристигне на почетокот на септември. Зделката која ја склучија шпанската групација и Националните железници на Узбекистан „тежи“ 38 милиони евра. Возот е наречен “Афрасаиб“, според најстариот дел на средновековниот град Самарканд, тој ќе има осум вагони, од кои два ќе бидат од прва класа. крај/х/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.