Свет
Првиот кинески носач на авиони успешно го заврши пробното пловење
Првиот кинески носач на авиони денеска успешно го комплетира пробното пловење и се врати во бродоградилиштето во Далијан на докомплетирање, соопшти кинеското Министерство за одбрана.
Првиот кинески носач на авиони денеска успешно го комплетира пробното пловење и се врати во бродоградилиштето во Далијан на докомплетирање, соопшти кинеското Министерство за одбрана.
Носачот, кој е реновиран поранешен советски носач на авиони од класата „Адмирал Кузњецов“, со назив „Варјаг“, според кинеските власти се подготвува за платформа за научни истражувања и тренинг на пилотите.
Кина го започна целосниот ремонт на носачот, кој го купи од Украина, во 2005 година, кога започна и со развојот на борбени авиони наменети за носачи. Бродот со должина од 330 метри може да носи 26 авиони и 24 хеликоптери.
Кинеските воени експерти веруваат дека бродот би можел да целосно да биде ставен во употреба во кинеската морнарица во период од неколку години. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Блинкен остро ја обвини Кина
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја критикуваше поддршката на Кина за руската одбранбена индустрија на италијанскиот остров Капри, велејќи дека Пекинг во моментов е главен снабдувач на Москва со клучни компоненти за оружје за војната во Украина.
Тој рече дека акциите додаваат масло на „најголемата закана за европската безбедност од крајот на Студената војна“.
Говорејќи на прес-конференцијата по повод крајот на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 на италијанскиот остров Капри, Блинкен рече дека Вашингтон многу јасно им ставил до знаење на Пекинг и на другите дека не треба да им помагаат на руските воени напори во Украина.
„Кога станува збор за основите на руската одбранбена индустрија, главниот придонесувач во моментов е Кина. Имаме индикации дека Кина испраќа машински алати, полупроводници и други предмети со двојна употреба за да и помогне на Русија да ги обнови своите одбранбени индустриски залихи“, рече Блинкен.
„Кина не може да ги има и двете. Не може да си го дозволи тоа. Сакате да имате позитивни и пријателски односи со земјите во Европа, а во исто време ја поттикнувате најголемата закана за европската безбедност од крајот на Студената војна“, рече Блинкен.
САД ја предупредуваат Кина да не ги помага воените напори на Москва по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, која дојде само неколку недели откако Русија и Кина прогласија „партнерство без ограничувања“.
Самата германска министерка за надворешни работи Аналена Баербок изрази загриженост за прашањата што ги покрена Блинкен.
„Ако Кина отворено води сè посилно партнерство со Русија, која води нелегална војна против Украина, ние нема да можеме да го прифатиме тоа“, рече Баербок по состанокот со колегите од Г7 во Капри.
Американските власти минатата недела ги информираа новинарите за материјалите што Кина и ги доставува на Русија, вклучувајќи беспилотни летала и ракетна технологија, сателитски снимки и машински алати, кои не се смртоносни оружја, но и помагаат на Русија да ја обнови воената опрема за да ја одржи својата двегодишна војна во Украина.
Свет
Во Индија почнаа изборите, кои ќе траат шест недели, а ќе гласаат речиси 970 милиони
Денеска, почнаа најобемните избори во светот, а речиси 970 милиони регистрирани гласачи во Индија учествуваат во овој огромен процес, кој ќе се одвива во седум фази и ќе трае дури шест недели.
Премиерот Нарендра Моди се надева дека ќе освои трет последователен мандат во земјата со 1,4 милијарда жители. Гласачите, всушност, не го избираат директно премиерот, туку 543-те пратеници на Лок Сабха, долниот дом на парламентот на најнаселената земја во светот, објави „Дојче веле“.
На натпреварот учествуваат шест национални партии, 57 партии од индиските сојузни држави и 2.597 помали партии. Сепак, главната трка ќе биде меѓу двете најголеми политички партии во Индија: владејачката Индиска народна партија (БЈП) и опозицискиот Индиски национален конгрес (ИНЦ) или скратено Конгресната партија.
За да се спротивстави на владејачката БЈП и премиерот Моди, Конгресната партија формира сојуз од 28 партии, наречен Индиски национален развој – инклузивен сојуз.
Според анкетите, премиерот Моди и неговата хинду-националистичка БЈП се очекува да победат на изборите оваа година.
Моди е популарен лидер, делумно благодарение на агендата насочена кон хинду-мнозинството во Индија, кое сочинува 80 отсто од населението.
Свет
Русија повика на воздржаност помеѓу Израел и Иран
Русија повика на воздржаност по информациите за напад на Израел врз Иран.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денеска за новинарите дека Русија ги проучува деталите за нападот и дека ќе го коментира кога ќе се разјасни неговата природа.
„Во секој случај, без разлика на сѐ, продолжуваме да се залагаме за воздржаност од двете страни за да нема дејства што би предизвикале натамошна ескалација на тензиите во регионот“, рече Песков.
Русија и Иран имаат блиско партнерство. За време на инвазијата на Украина, Москва користи беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство.