Свет
Русија ги осуди санкциите на ЕУ против Сирија
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска ја осуди одлуката за санкциите коишто Европската унија (ЕУ) ги наметна за Сирија, тврдејќи дека тие „нема да доведат до ништо добро“.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска ја осуди одлуката за санкциите коишто Европската унија (ЕУ) ги наметна за Сирија, тврдејќи дека тие „нема да доведат до ништо добро“. „Отсекогаш тврдевме дека еднострано донесените санкции не водат кон ништо добро. Тие само го уништуваат партнерскиот пристап на која и да е криза. Ние се спротиставуваме на едностраните санкции“, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, за новинарите коишто го следат самитот на поранешните советски држави што се одржува во главниот град на Таџикистан, Душанбе. Во петокот ЕУ одлучи да наметне нови санкции за извозот на нафтените деривати од Сирија, со образложение дека претседателот Башар ал-Асад врши масакр врз сопствениот народ. „Претседателот Асад спроведува масакр во сопствената земја“, изјави министерот за надворешни работи на Полска, Радослав Сикорски во полскиот град Сопот каде што се одржа неформалната средба на министрите за надворешни работи од земјите членки на ЕУ за да се договорат како ќе реагираат на петмесечните воени активности на сирискиот режим против анти-владините демонстранти Москва и Дамаск одамна имаат блиски врски, а Русија е еден од главните извозници на оружје и воена опрема во Сирија. Инаку, меѓу предложените санкции е и онаа за ембарго за продажбата на оружје за Дамаск, Тоа, пак, ќе предизвика продажбата на оружје на руските компании за Сирија да стане незаконска./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.