Свет
Либиските востаници се подготвуваат за напад на Бани-Валид
Илјадници либиски востаници го држат под опсада градот Бани-Валид, чекајќи наредба да започне офанзива на последното упориште на соборениот либиски водач полковникот Моамер ел-Гадафи.
Илјадници либиски востаници го држат под опсада градот Бани-Валид, чекајќи наредба да започне офанзива на последното упориште на соборениот либиски водач полковникот Моамер ел-Гадафи.Борците на востаничките сили се распоредија на периферијата од последниот бастион на лојалистите на Гадафи во понеделникот, откако силите до крај приврзани на соборениот режим одбија да се предадат, јавува Reuters.Востаниците подигнаа полска болница во близината на Бани-Валид каде што десетина лекари волонтери се подготвуваат за интервенции доколку дојде до битка за градот со силите кои сé уште се лојални на поранешниот режим, добро утврдени во градот.Претставникот на Преодниот национален совет (NTC), Абдалах Каншил, кој ги водеше преговорите со лојалистите, предвидува мирно предавање на градот, иако вели дека тој е засолниште на многу приврзаниците на режимот на Гадафи.„Предавање на градот е неминовно. Се работи за избегнување цивилни жртви. Некои снајперисти го предадоа своето оружје … Нашите сили се подготвени“, изјави Каншил.Револуционерните сили контролираат поголемиот дел од богатата со нафта северноафриканска земја, освен некои централни и јужните области, вклучувајќи го и Бани-Валид, и родниот град на полковникот Гадафи, Сирт.Во меѓувреме, поранешниот шеф за безбедност на режимот на Гадафи, Мансур Дао, и уште неколкумина претставници на соборената власт, пребегнаа во неделата во Нигер во конвој од оклопни возила.Сепак, сé уште не е познато каде се крие Гадафи, додека членовите на неговото семејство, вклучувајќи ја и неговата сопруга и трите деца, неодамна побараа засолниште во Алжир./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.