Свет
Клинтoн: Во документите на бин Ладен има планови за напади врз САД
Материјалите најдени во пакистанскиот дом на „Терористот број еден“ Осама бин Ладен, содржат информации дека глобалната терористичка мрежа Ал Каеда сé уште се обидува да изврши терористички напади
Материјалите најдени во пакистанскиот дом на „Терористот број еден“ Осама бин Ладен, содржат информации дека глобалната терористичка мрежа Ал Каеда сé уште се обидува да изврши терористички напади темпирани за деновите на одбележувањето на 10-годишнината од 11-ти септември 2001 година, особено во Њујорк и Вашингтон.Ова го изјави американската државна секретарка Хилари Клинтон денеска во интервју за CNN. Претходно денеска американските власти соопштија дека постојат знаци за загрозување на безбедноста на американските граѓани во Њујорк и Вашингтон во предвечерието од одбележувањето на 10-тата годишнина од нападите од 11-ти септември 2001 година. Во четвртокот претседателот на САД, Барак Обама нареди удвојување на антитерористичките активности имајќи ги предвид можните закани пред одбележувањето на десетгодишнината од терористичките напади во Њујорк и во Вашингтон. „Прво, имајте предвид дека тоа се конкретни, на кои треба да им се обрне внимание, но не и потврдени информации за закана. Ние тоа го восприемаме, како и секогаш, сериозно, особено затоа што знаеме, од проучувањето на материјалите најдени при пребарувањето на домот на бин Ладен, оти Ал Каеда продолжува да се стреми за изведување терористички напади планирани на годишнината, пред сé, во Њујорк и во Вашингтон. Според тоа, се разбира, ние работиме со сите, за да добиеме што е можно поквалитетни информации“, изјави Клинтон. Американската државна секретарка истакна дека таа не може да оди во детали за разузнавачките информации, но рече дека е меѓу неколкуте високи функционери, кои за заканата биле информирани од тајните служби. „Ние постојано мора да ги проучуваме различните пораки. Едно од важните нешта кои ги постигнавме како поука од 11-ти септември, е многу поголемата сплотеност на нашата разузнавачка заедница“, дополни Клинтон. Лидерот на меѓународната терористичка мрежа Ал Каеда беше ликвидиран во ноќта на 2 мај од страна на американските командоси кои упаднаа во неговата утврдена куќа во градот Аботабад, шеесетина километри од пакистанската престолнина Исламабад. Телото на дотогаш најбараниот терорист на светот беше погребано во морето истиот ден. При пребарување на куќата во која престојувал бин Ладен со двете негови жени и неколкуте деца, беа пронајдени компјутери и разни датотеки на бин Ладен и неговите приврзаници, а беше запленет и со рака пишуваниот личен дневник на водачот на Ал Каеда./крја/цнн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.