Свет
САД ја одбележуваат годишнината од 11-ти септември со сомнежи
САД се подготвуваaт да ја одбележат десет-годишнината од терористичките напади од 11 септември 2001, во сенката на соменвањата за официјалната верзија за настаните.
САД се подготвуваaт да ја одбележат десет-годишнината од терористичките напади од 11 септември 2001, во сенката на сомнeвањата за официјалната верзија за настаните. Официјални церемонии се планирани на три локации, каде што четири киднапирани авиони на комерцијални летови удрија во „Кулите близначки“ од Светскиот трговски центар (WTC) во Њујорк, Пентагон и во местото Шанксвил во Пенсилванија. Американскиот претседател Барак Обама и поранешниот претседател Џорџ Буш се очекува да го го посетат „Граунд зиро“, местото на Светскиот трговски центри во Њујорк, каде што со минута молчење ќе биде одбележено точното време на нападите врз кулите, пренесува агенцијата DPA во неделата. Во пресрет на одбележување на саботата, претседателот Обама изјави дека САД се посилни од пред десет години. „Денес, Америка е посилна и Ал Каеда е на патот да биде победена“, истакна Обама. Меѓутоа, едно неодамнешно истражување на американското јавно мислење покажува дека две третини од сите Американци веруваат дека САД трошат премногу средства во пари и војници во борбата против тероризмот. Анкетираните Американци веруваат дека продолжувањето на војните во Ирак и во Авганистан ја ослабуваат економската сила Америка и влијанието во странство. Многу американски поединци и организации, исто така, сé уште се сомневаат во официјалната верзија за тоа што точно се случило на овој ден пред десет години. Многу од нив сметаат дека нападите биле или делумно или целосно контролирана работа. Така, според некои аналитичари, еден неодамна појавен видео метеријал укажува дека нема докази за авионската несреќа во близина на Пентагон. Имено, според нив, на зголемените фотографии од Пентагон во времето по нападот, не се забележуваат остатоците од авионот, иако вообичаено остатоци од авион кој се урнал понекогаш се расфрлани и на површина од квадратен километар. Главниот уредник на Veterans Today, Гордон Даф, за американската редакција на иранската телевизијата на англиски јазик (Press TV’s US Desk) во почетокот на септември рече дека се објавени видеа во кои се содржат потврди на очевидци „дека нападот е направен со крстосувачки проектил, а не со патнички авион“. „Имаше 85 видео снимки, едната беше објавена вчера (29 август). Досега тоа не е внимателно проучено, но се чини дека е сосема вистинито тврдењето дека тоа јасно покажува оти крстосувачки проектил од друг агол го погодува Пентагон“, изјави Даф./крај/птв/дпа/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Фокс њуз открива“: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина
Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина, но таа сума може да се смета за многу поголема поради трошоците за замена на оружјето и муницијата испратени во Киев, процени Пентагон, дознава „Фокс њуз“.
„Фокс њуз“ во септември објави дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.
Според документите од Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа испратени до сенаторот Џ. Д. Венс од американската сојузна држава Охајо, до која имал пристап „Фокс њуз“, САД потрошиле најмалку дополнителни 13 милијарди долари од септември за војната во Украина.
Директорката на Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, Шаланда Јанг, во писмо до Венс рече дека американскиот Конгрес обезбедил 111 милијарди долари дополнителни средства како одговор на војната во Украина вклучувајќи безбедносна, економска и хуманитарна помош.
Јанг истакна дека вкупните средства вклучуваат и средства „кои не отишле директно во Украина“, туку се користат за поддршка на таа земја поради што понекогаш се појавуваат разни бројки за американската помош за Киев.
Регион
Завршено вештачењето на мобилниот телефон на мајката на Данка, биле бришени пораки и повици, објавија српските медиуми
Мобилниот телефон на мајката на Данка Илиќ бил испратен на вештачење по исчезнувањето на девојчето. Неофицијалните податоци говорат дека мајката избришала многу пораки и повици ден пред и на денот на исчезнувањето на Данка, објави српски „Блиц“.
Според неофицијални сознанија од истрагата, вештачењето на мобилниот телефон на Ивана Илиќ покажало дека се избришани многу пораки и податоци за повици, пишува српски „Информер“.
„На ден пред исчезнувањето и на денот на исчезнувањето на Данка Илиќ многу пораки и повици се избришани од телефонот. Ова го утврдиле инспекторите за високотехнолошки криминал. Пораките и повиците може да се избришат од телефонот, но да останат во базата на податоци“, рекол изворот.
Како што се дознава, пред исчезнувањето на Данка Илиќ мајката трипати го фотографирала детето од разни агли.
Да потсетиме, мајката на Данка Илиќ, Ивана, денеска повторно е во полициската станица во Бор, каде што е на распит за околностите на својата исчезната ќерка. Таткото помина на полиграфското тестирање.
Регион
„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка
Родителите се тие што имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два часа. Познато е дека кога ќе исчезне дете, веднаш се пријавува за да се реагира бргу, изјави Марко Ницовиќ, поранешен началник на белградската полиција, за „Телеграф.рс“.
Според Ницовиќ, полицијата оди во добра насока бидејќи ја проверува секоја педа од земјата, но се надеваат и дека темелно се проверуваат граничните премини бидејќи не ја исклучуваат можноста за киднапирање.
„Би можело да биде сè, не е исклучена никаква можност. Ако мајката рече дека го оставила девојчето на минута, го поставуваме прашањето каде би можело да оди двегодишното дете? Колку далеку, без мајка му да го најде? Второ, зошто чекаа два часа? Има простор и за киднапирање, а знаеме дека границата е блиску, но и за многу повеќе. Отворени се многу прашања и останува да се почека истражните органи да си ја завршат работата“, вели Ницовиќ за српски „Телеграф“.
Да потсетиме, потрагата по двегодишната Данка Илиќ влезе во четвртиот ден. Во потрагата од утрово се вклучени уште 18 пожарникари и кучето Зиги.
Багери вчера цел ден копаа и вадеа ѓубре и шут од куќата, а пред куќата каде што последен пат беше видена исчезнатата Данка по која трага цела Србија, пристигна тешка механизација, која ќе продолжи да работи денес за да се расчисти теренот.