Свет
Близу 50.000 Јапонци имаат над 100 години
Во Јапонија живеат 47.756 луѓе постари од 100 години, а од нив мнозинството се жени, соопшти денеска јапонското Министерство за здравје, труд и социјална политика.
Во Јапонија живеат 47.756 луѓе постари од 100 години, а од нив мнозинството се жени, соопшти денеска јапонското Министерство за здравје, труд и социјална политика.Според Министерството, во Јапонија има 3.307 повеќе многу стари луѓе отколку што тоа беше случај минатата година и четири пати повеќе од пред 12 години.Меѓу старите од сто години во Јапонија 87,1 отсто се жени. Најстарата е Кионо Хасегава која има 114 години.Откако минатата година беше утврдено дека некои од списокот на стари луѓе во Јапонија починале или се водат како исчезнати, се поставува прашањето околу точноста на оваа статистика.Јапонското министерство податоците за бројот на многу старите луѓе ги добива врз основа на пријавената адреса. /крај/ап/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.