Свет
Советот за безбедност одржа седница за Косово
Советот за безбедност на Обединетите нации одржа ноќеска седница зад затворени врати во врска со заострувањето на состојбата на Косово, пренесоа белградските медиуми.
Советот за безбедност на Обединетите нации одржа ноќеска седница зад затворени врати во врска со заострувањето на состојбата на Косово, пренесоа белградските медиуми.Седницата беше свикана на барање на Србија и на Русија, а истата не беше отворена за јавноста на инсистирање на неколку западни држави.Извештај за состојбата на Косово поднесе заменик шефот на мировните сили на ОН, Едмонд Муле, кој повика на воздржување од носење на еднострани одлуки.„Оваа е добра можност да пренесеме јасна порака дека сме против донесување на еднострани одлуки и дека Белград и Приштина треба да превземат одговорност за да спречат насилство“, порача Муле.Тој укажа дека со договорот помеѓу Белград и Приштина од 2 септември решено е прашањето за царинскиот печат, но напомена дека не е постигнат договор за поставување на царински службеници на премините Јариње и Брњак.Муле потсети на најавата на Приштина дека денеска ќе доведе свои цариници на споменатите гранични премини и прецизираше дека во придружба на Еулекс, на секој премин ќе има по еден косовски цариник и полицаец.Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун на прес конференција рано изутрината ги повика двете страни да се воздржат од еднострани потези, кои би можеле да доведат до ескалација на напнатоста.„Ги повикувам властите во Белград и Приштина да продолжат со дијалог со посредство на Европската унија, како и да превземат практични чекори за спроведување на досега договореното“, рече Бан Ки Мун. /крај/б92/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.
Регион
(Видео) Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја
Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса, каде обилните дождови доведоа до излевање на канализацијата, која ги поплави улиците, а во Волос е забележан и прекин на струја.
Врз основа на податоците од метеоролошката станица на Националната опсерваторија во Атина, измерени се просечни 100 милиметри дожд или максимални 312 милиметри на час, поради што полицијата мораше да го прекине сообраќајот бидејќи улиците беа поплавени.
Во градот Волос во текот на ноќта имало проблеми со струјата, но како што пренесуваат грчките медиуми, се е брзо ставено под контрола.
Министерот за цивилна заштита и климатска криза Василис Кикилијас од вчера е во Тесалија за внимателно да го следи развојот на невремето.
– Имаше оправдана загриженост на граѓаните овде во Тесалија бидејќи сеќавањата за катастрофата се свежи, затоа бевме сите овде, координирани и организирани. Драго ми е затоа што досега овој напор се исплатеше. Само со заедничка и координирана работа можеме да добиеме многу добри резултати – најави тој.
Силен дожд и невреме го зафати јужниот дел на Пелион, а како што јавуваат медиумите паднал и град. Овој регион во септември минатата година беше соочен со разорни поплави.
Ненадејна промена на времето се случи и на големите височини во централна и северна Грција, каде падна снег.
„Снежно невреме е забележано во ски-центарот на Василица“, се наведува.
Во меѓувреме, населението е најмногу загрижено за земјиштето околу езерото Карла на границата на Магнезија и Лариса, кои беа поплавени во септември минатата година. Полињата, па дури и воените инсталации во Стефановики се под тони вода.
Свет
Десетгодишно дете призна дека убило човек пред две години, полицијата во Тексас во шок
Десетгодишно дете од американската сојузна држава Тексас, кое било испрашувано поради наводна закана дека ќе го убие својот соученик, им кажало на инспекторите дека убил човекот пред две години без никаква причина, соопштија органите на редот.
Според законите во Тексас, детето не може да биде обвинето за злосторството бидејќи во моментот на убиството имало помалку од 10 години, пренесува CBS News.
Момчето им кажало на училишните службеници дека пукало и убило човек во 2022 година, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Гонзалес.
Како што е наведено, момчето им дало на истражителите информации за убиството на 32-годишниот Брендон О’Квин Резбери на 18 јануари 2022 година во Никсон, Тексас.
Тој рече дека тој ден бил кај својот дедо на гости во паркот за кампери во близина на местото каде што живеел Резбери, и дека извадил пиштол од кабината на камионот на неговиот дедо, влегол во комбето на Резбери, пукал во него и го убил.
Тој исто така изјавил дека никогаш претходно не го видел Расбери и дека убиениот не направил ништо за да го налути.
На 12 април, инспекторите го пронајдоа пиштолот користен за убиството на Разбери во заложна продавница во блискиот град, но бидејќи детето имало помалку од 10 години кога го извршило злосторството, не може да биде обвинет за убиството во 2022 година.
Детето е обвинето во врска со заканата упатена кон соученик и се наоѓа во малолетнички притвор, каде го чека почетокот на судењето.