Свет
Министри за финасии на ЕУ: Грција е пред стечај
Грција е на границата за стечај, но и други европски должници од еврозоната се во иста ситуација. Рецептите како да се избегне крахот на европскиот банкарски систем е дневниот ред на дводневниот неформален состанок на министрите за финснисии на земјите членки на ЕУ во Вроцлав, Полска.
Варшава, 16 септември 2011 (Макфакс) – Грција е на границата за стечај, но и други европски должници од еврозоната се во иста ситуација. Рецептите како да се избегне крахот на европскиот банкарски систем е дневниот ред на дводневниот неформален состанок на министрите за финснисии на земјите членки на ЕУ во Вроцлав, Полска. Неформарлиот состанок на кој не се донесуваат конечни одлуки, туку пред се се прават анализи за натамошните правци за расправа, почна утрово со состанокот на 17 министри. „Најголем предизвик сега е барањето начини како да се спаси заедничка Европа и стабилноста на еврозоната. Мислам дека сите ќе зборуваме за тоа“, изјави пред состанокот Јацек Ростовски, полскиот министер за финансии.Во Вроцлав е и американскиот министер за финансии Тимоти Гајтнер и заменикот на шефот на ММФ Дејвид Липтон. На состанокот е и Жан Клод Трисе, шеф на Европската централна банка и европските комесари за внатрешен пазар Мишел Барније и за земјоделство и монетарна политика Оли Рен.Европскиот комесар за буџет Јануш Левандовски предупреди дека спасувањето на Грција сепак е подобар план отколку контролираниот стечај затоа што со помошта за Грција се добива во време за таа земја, но и за цела Европа.„И Европа си купува време“, предупреди Левандовски во разговорот за полската агенција ПАП и потсети дека ЕУ се уште не успеала да го доврши и да го преточи во пракса најавениот систем на мерки против кризата.Еврокомесарот за буџет оцени дека на стопанството и на финансиските пазари најмногу им пречи какафонијата со гласањето во ЕУ.„Подобро мнозинство на гласови отколку, отколку заеднички глас. Вака и даваме на Грција шанса, не безуслова и не бескрајно долга. Се дотогаш додека купуваме време“, изјави Левандовски. /крај/бета/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Само се шалевме“ – уапсените поради тврдењата за исчезнатото девојче се донесени во полиција
Тројцата кои беа уапсени во Босна и Хервеговина, а тврдеа дека имаат информации за исчезнатото девојче од Србија, Данка Илиќ и бараа пари, во полиција рекле дека „само се шегувале“, пренесува Н1 Сараево.
Федералната полициска управа вечерва уапси три лица кои на социјалните мрежи тврдеа дека имаат информации за исчезнувањето на двегодишното девојче од Србија, Данка Илиќ, по коешто трага речиси целиот регион.
Како што јави известувачот на Н1, уапсените биле донесени во зградата на Федералната полициска управа.
Како што се дознава, за време на преносот во живо на „Тик-ток“, тие побарале десетици евра за да ја откријат локацијата на девојчето и тврделе дека ја чуваат во подрумот.
Веднаш по апсењето изјавиле дека „само се шегувале“. Сите уапсени се членови на исто семејство.
Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа преку ИП адресата ги лоцираше лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на детето.
Вчера на социјалните мрежи се појави видео од надзорната камера на куќа лоцирана во близина на местото каде исчезна Данка Илиќ во 13:45 часот.
На видеото се гледа автомобил кој брза во 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, односно во 13 часот и 45 минути, како што рекла нејзината мајка.
Свет
Тешка автобуска несреќа во Јужна Африка, загинаа 45 лица
Министерството за транспорт на Јужна Африка денеска соопшти дека 45 лица загинале, а едно лице е повредено во автобуска несреќа кај Маматлакала во северната провинција Лимпопо.
Министерството објави дека возачот изгубил контрола над автобусот, кој потоа удрил во бариерите на мостот, по што возилото паднало преку мостот, удрило во земјата и се запалило.
Автобусот превезувал луѓе од Боцвана до Морија, град во Лимпопо.
Спасувачките операции продолжија до доцна денеска.
Некои тела изгореле до непрепознатливост, а некои патници останале заробени во урнатините на автобусот, соопштија сообраќајните власти во Лимпопо.
Регион
Барале 25.000 евра за да дадат информации за исчезнатото девојче: детали за апсењето на три лица во БиХ
Припадниците на полицијата привеле три лица, кои се осомничени дека преку ТикТок објавиле дека се поврзани со исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2) во Србија.
„Федералната полициска управа, постапувајќи според актот на НЦБ Интерпол Белград, презеде мерки и дејствија од нејзина надлежност, што резултираше со лишување од слобода на три лица на територијата на Хаџиќ, Сараево“, беше потврдено и кои се сомничат дека имале сознанија за исчезнување на малолетно девојче од Србија.
Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа, ги лоцирале по пат на ИП адреса лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на малолетно девојче, односно барале 25.000 евра за откривање информации.
„Малолетното девојче не е пронајдено на територијата на Хаџиќ, а кривичната истрага за лицата лишени од слобода е во тек“, изјави сојузниот инспектор Ервин Мушиновиќ.
Девојчето Данка Илиќ (2) во вторникот исчезна во Бањско поле кај Бор.
Оттогаш, потрагата по неа трае, а во Србија за прв пат е активиран системот амбер алерт.