Свет
Сé повеќе бракови меѓу црнци и белци во САД
Бројот бракови меѓу црнци и белци во САД се зголемил за речиси 30 години, покажува социолошката студија на државното универзитет во Охајо.
Бројот бракови меѓу црнци и белци во САД се зголемил за речиси 30 години, покажува социолошката студија на државното универзитет во Охајо.Според студијата којашто ќе биде објавена во октомврискиот број на Магазин за брак и семејство, бројот бракови меѓу црнци и белци „брзо се зголемува“, вели Женчао Чиан, професор по социологија кој ги водел истражувањата засновани на бројките собрани во периодот меѓу 1980 и 2008 година.Поточно, додека во 1980 година пет отсто од црнците се женеле за бела жена, во 2008 година овој број се зголемил на 14 проценти. Што се однесува до бројот црни жени коишто за маж земале белец, кој во 1980 година изнесувал само 1 отсто, тој во 2008 година изнесува 6 проценти./крај/афп/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.