Свет
Израел ќе се откаже од преговорите со Палестинците ако го поднесат барањето во ОН
Во случај на директно обраќање на Палестинците во Обединетите нации со барањето за признавање на нивната држава од страна на меѓународната заедница, веројатно нема да бидат можни преговорите со Израел, изјави за новинарите израелскиот министер за надворешни работи, Авигдор Либерман.
Во случај на директно обраќање на Палестинците во Обединетите нации со барањето за признавање на нивната држава од страна на меѓународната заедница, веројатно нема да бидат можни преговорите со Израел, изјави за новинарите израелскиот министер за надворешни работи, Авигдор Либерман. „Во случај на директно обраќање (на Палестинците) нема да има простор за преговори“, изјави Либерман. Претседателот на Палестинската национална администрација (ПНА), Махмуд Абас, според најавите, во петокот ќе му го врачи на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, барањето за признавање на палестинска држава и нејзино примање за полноправна членка во светската организација. Абас одбива да се врати на директните преговори со Израел сé додека тие не се водат според принципот на две држави – Палестина и Израел – во рамките на границите кои постоеле пред арапско-израелската војна од 1967 година. Лидерот на ПЛО и на ПНА, исто така, бара еврејската држава итно да престане со изградбата на населбите на окупираниот Западен Брег и во Источен Ерусалим. Израел, пак, одбива да се врати во границите од 1967 година и поделба на Ерусалим со Палестинците, кого го прогласи за своја „вечна и неподелена престолнина“. Претходно во петокот Израел го отвори предлогот на претседателот на Франција, Николас Саркози на Палестина во ОН да и’ се одобри статусот „земја набљудувач“, оценувајќи ја како „погрешна добра идеја“.„Станува збор за погрешна добра идеја, бидејќи не е можно да се прескокнуваат етапите давајќи им држава на Палестинците под која и да е етикета. Палестинската држава може да произлезе само од договорот со Израел“, изјави портпаролот на израелското министерство за надворешни работи, Југал Палмор. Претседателот Саркози пред Генералното собрание на ОН рече дека „на сите им е јасно дека Палестина во овој момент не може да го добие полноправното членство“, но предложи нејзиниот статус од етнитет да се подигне во „земја набљудувач“. Говорот на францускиот претседател беше примен позитивно меѓу Палестинците кои изјавија дека се подготвени да поработат на предлозите на Саркози. Цви Хаусер, близок соработник на премиерот Бенјамин Нетанјаху и секретар на израелската влада, запрашан за предлогот на Саркози, со жалење рече дека „за Израел до основањето на палестинската држава може да дојде дури по завршувањето на судирите, но постои и друг пристап кој смета дека палестинската држава е предуслов за преговорите“. Палестинскиот претседател Махмуд Абас и попладнево е истраен во секој момент да го поднесе до Советот за безбедност палестинското барање за признавање на државата, отфрлајќи ја така и личната молба на американскиот претседател Барак Обама да се откаже од планот и да ги продолжи директните преговори со Израел.Во меѓувреме израелските власти во очекувањето на палестинското барање во ОН, ги зголемија мерките за безбедност во земјата./крај/рн/апф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.