Свет
Преку 10.000 заразени од денга треска во Пакистан
Тим на Светската здравствена организација (СЗО) денеска пристигна во Пакистан за да помогне при справувањето со епидемијата на денга треската, која се пренесува преку комарци и која до сега има зафатено преку 10.000 луѓе.
Тим на Светската здравствена организација (СЗО) денеска пристигна во Пакистан за да помогне при справувањето со епидемијата на денга треската, која се пренесува преку комарци и која до сега има зафатено преку 10.000 луѓе.
Во последниве неколку недели, денга треската со неверојатна брзина се прошири низ Пакистан, но североисточната провинција Пенџаб е најсилно погодена од вирусот кој ја предизвикува болеста, со преку 8.700 регистрирани случаи во престолнината на провинцијата, Лахоре.
Од треската до сега починаа 104 лица.
Вирусот денга предизвикува заразна тропска болест позната како денга треска, која се карактеризира со главоболка, силна болка во зглобовите и црвенило. Во некои случаи може да се развие и многу посмртоносната хеморалгична треска или, пак, синдром на шок.
Пакистан се обидува да се справи со епидемијата, но има голем недостиг од лекарства. Најзагрозената провинција, Пунџаб, воедно е и најнаселена и во неа живеат речиси 56 проценти од 173-милионското население на Пакистан.
Епидемијата ја нападна земјата во моментите кога се бори со последиците од поплавите кои ја зафатија во изминативе недели и во кои животот го загубија преку 225 лица. Експертите тврдат дека лошата хигиена е причина за толку наглото ширење на заразата, но силните монсунски дождови придонесуваат за создавање на лежишта на комарци, кои го пренесуваат вирусот на денга треската. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден го потпиша законот: „Тик-ток“ има една година да најде нов сопственик или ќе биде целосно забранет во Америка
Американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон што може да доведе до целосна забрана на „Тик-ток“ во САД, доколку „ByteDance“, кој е сопственик на „Тик-ток“, не го продаде својот удел во компанијата во рок од една година.
Портпаролот на „Тик-ток“, Алекс Хаурек, рече дека планираат да го оспорат овој закон на суд, што би можело дополнително да ги одложи роковите, доколку судот одлучи да го одложи спроведувањето на законот до конечната судска одлука.
Исто така, се поставува прашањето како Кина ќе реагира на оваа ситуација и дали ќе дозволи „ByteDance“ да го продава „Тик-ток“, а особено неговиот алгоритам кој ги задржува корисниците заинтересирани за апликацијата.
Директорот на „Тик-ток“, во видео порака го изразува своето незадоволство посочувајќи дека станува збор за потенцијална забрана која ќе влијае на корисниците на апликацијата и нивната слобода на говор.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.