Свет
Хакери објавија лични податоци на 25 илјади полицајци
Австрискиот дел од хакерската група Anonymous во понеделникот ги објави на својата страница на микроблогот Twitter личните податоци на речиси 25 илјади полицајци во Австрија, јавува информацискиот портал News.at.
Австрискиот дел од хакерската група Anonymous во понеделникот ги објави на својата страница на микроблогот Twitter личните податоци на речиси 25 илјади полицајци во Австрија, јавува информацискиот портал News.at.
На микроблогот на австриската хакерска ќелија, која се нарекува себеси Anon Austria, се објавени имињата и презимињата, датумите на раѓање и домашните адреси на 24.938 припадници на австриската полиција. Притоа, хакерите не тврдат дека податоците биле добиени со хакерски напад врз компјутерските системи на полицијата.
„Да речеме, ни беше даден пристап до нив (податоците) се наведува во соопштението на Anon Austria.
Според Министерството за внатрешни работи на Австрија, во врска со оваа информација веднаш е поведена детална истрага.
Во јули годинава членовите на хакерските групи LulzSec и Anonymous упаднаа на интенрнет страниците на италијанската полиција и на интернет објавиле доверливи информации, а нападот го нарекле „Операција Италија“. Хакерите, наводно поврзани со групата Anonymous, истовремено тогаш продреа и во компјутерскиот систем на австриската телевизија ОRF.
Податоците што ги објавија онлајн активистите, ги открија односите на италијанската влада со Австралија, Белорусија, Египет, Русија и Украина.
Хакерите од групата Anon Austria, поврзани со групата Anonymous, извршија упад во компјутерскиот систем на австриската телевизија ОRF, при што дојдоа до податоците за 214.000 лица, вклучувајќи ги и информациите за банкарските сметки на 96.000 луѓе. Во онлајн комуникацијата, хакерите соопштија дека немале намера да им направат штета на клиентите на ОRF, туку да им свртат внимание на слабиот безбедносен систем.
Групата хакери позната под името Anonymous стана позната, пред сé, по нападите од минатата година врз интернет страниците „непријатели“ на интернет ресурсот WikiLeaks, кој објавува стотици илјади класифицирани документи за војните во Ирак и во Авганистан, како и тајните депеши на американската дипломатија од целиот свет. Оваа група објави поврзување со исто така многу моќната хакерска група позната под името LulzSe, со којашто изведоа синхронизирани напади врз серверите на многу светски компании, владини системи и други ресурси.
Последни цели на нивните напади беа интернет ресурсите на компаниите на Sony, Nintendo, како и на американскиот Сенат и на ЦИА, интернет страниците на претседателот и на владата на Бразил, како и други интернет ресурси.
За „Анонимусите“ и не е сосема точно да се нарекуваат група, поради тоа што не постои организирана структура. Тие за себе сакаат да кажат дека се „раштркани“ по целиот свет на хакерите., кои понекогаш се обединуваат за напади врз за нив „непријатните“ ресурси или врз медиумите./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.
Европа
Генералниот секретар на НАТО и вети на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана
Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да ги обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.
Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, што со месеци е блокирано од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.
Тој во петокот им рече на членките на НАТО дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.
Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо мора повторно да стане безбедно… И тоа целосно зависи од вашиот избор… (од) изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.