Свет
Германскиот парламент го поддржа фондот за спасување на еврозоната
Германскиот парламент во четвртокот со големо мнозинство гласови ги одобри новите проширени овластувања за кризниот фонд на еврозоната, кој би требало да располага со 440 милијарди евра за потребите на спасување на задолжените земји членки.
Германскиот парламент во четвртокот со големо мнозинство гласови ги одобри новите проширени овластувања за кризниот фонд на еврозоната, кој би требало да располага со 440 милијарди евра за потребите на спасување на задолжените земји членки. Заменикот на претседателот на парламентот, Волфганг Тиерсе изјави дека 523 пратеници од долниот дом гласале „за“ новиот закон, додека само 85 биле „против“, а само три пратеника се воздржале од гласањето.Сепак сé уште не се знае дали канцеларката Ангела Меркел добила доволен број гласови од својата коалиција и со тоа да ги замолчи незадоволниците кои стравуваат дека Германија ќе мора да ги финансира сите пропаднати економии, како грчката, на пример.Поддршката од опозицијата значи дека не постојат повеќе сомневања во тоа дали Германија ќе ги одобри овластувањата на Европскиот фонд за финансирање на стабилноста (ЕФСФ). Овие проширени овластувања веќе ги ратификуваа некои земји, како што е Финска, но некои други, како на пример Словачка, сé уште ги оспоруваат.Доколку произлезе дека предлог-законот минал поради поддршката од опозицискиот лев центар, тоа ќе ги поткопа намерите на конзервативната канцеларка да донесе нови мерки за борба против кризата во еврозоната. Европскиот фонд за финансиска стабилност располага со 440 милијарди евра за потребите за спасување на задолжените земји членки. Со него би требало да се спречи ширењето на должничката криза на целата еврозона.Новите овластувања за Фондот за кои челниците на еврозоната се договорија на вонредниот самит на 21-ви јули, мора да ги одобрат сите 17 членки на еврозоната, за да може да тапат на сила. Гласањето во Германија се сметаше за особено важно, бидејќи оваа држава би требала да обезбеди 2111 милијарди евра, што е речи половината од вкупните средства со кои ќе располага ЕФСФ.Досега договорот го ратификуваа десет членки, Белгија, Франција, Грција, Ирска, Италија, Луксембург, Португалија, Шпанија, Словенија и Финска. Во петок за ратификација ќе се гласа во Австрија. Кипар ќе гласа идната седмица, а другите членки на еврозоната Естонија, Малта, Холандија и словачка ќе гласаат во октомври./крја/ро/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.