Свет
Пакистан ги предупреди САД да не вршат воени напади во земјата
Воена акција на САД против бунтовниците во Пакистан е неприфатлива и армијата на оваа земја е способна да одговори на тоа, изјави денеска шефот на пакистанското разузнавање, Ахмед Шуја Паша на средбата на лидерите на пакистанските политички партии во Исламабад.
Воена акција на САД против бунтовниците во Пакистан е неприфатлива и армијата на оваа земја е способна да одговори на тоа, изјави денеска шефот на пакистанското разузнавање, Ахмед Шуја Паша на средбата на лидерите на пакистанските политички партии во Исламабад.
Сепак, според локалните медиуми, Паша го смирил остриот тон на првичната изјава велејќи дека Пакистан нема да дозволи ситуацијата да стигне до „точката од која нема враќање“.
Пакистан подолго време се соочува со притисокот од Вашингтон воено да ги нападне милитантите од мрежата Хакани, но тензиите особено се зголемија откако началникот на американскиот Здружен штаб, адмирал Мајк Мулен, го обвини Пакистан минатата недела дека директно ја поддржува оваа мрежа, одговорна за нападот на амбасадата на САД во Кабул пред две недели.
Пакистан тврди дека е невозможен напад врз упориштата на мрежата хакани во пакистанската провинција Северен Вазиристан, затоа што армијата е зафатена со борбата против талибаните во другите региони на земјата, во која, според Исламабад, Пакистан дал повеќе жртви отколку која и да е друга држава вклучена во коалицијата за „војна против теророт“.
Во американскиот конгрес се повеќе расте поддршката за воени операции во пакистан кој би ги надминале нападите со беспилотни летала. Таквите напади, најверојатно, не би вклучувале употреба на копнени сили, туку засилени бомбардирања од авијацијата на САД.
Пакистан истрпе огромно понижување и дома и на меѓународен план со операцијата на американските специјални сили за ликвидација на Осама бин Ладен во мај годинава, а каква и да американска операција во Северен Вазиристан би претставувала уште едно понижување за моќната пакистанска армија.
Пакистан, кој до неодамна се сметаше за клучен сојузник на Вашингтон во регионот, од 2009 година до сега од САД доби невоена помош во висина од 7,5 милијарди долари, згора на милијардите долари воена помош кои секоја година пристигнуваат во земјата од 2001 година наваму.
Мрежата хакани е сојузник на талибаните и се верува дека одржува блиски врски со ал Каеда. Таа се бори со силите на САД и на НАТО во источен Авганистан. Лидерот на оваа група тврди дека нивните упоришта повеќе не се во Северен Вазиристан и дека сега се доволно безбедно во самиот Авганистан, по повеќето победи на теренот./крај/reuters/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.