Свет
Братот на ал-Авлаки ги негира вестите за неговото убиство
Информацијата дека еден од лидерите на Ал Каеда во Јемен, радикалниот имам Анвар ал-Авлаки е ликвидиран што ја лиферуваше тамошното министерство за одбрана, не се вистинити а тој е жив и здрав, изјави еден од неговите браќа, пренесува агенцијата Синхуа.
Информацијата дека еден од лидерите на Ал Каеда во Јемен, радикалниот имам Анвар ал-Авлаки е ликвидиран што ја лиферуваше тамошното министерство за одбрана, не се вистинити а тој е жив и здрав, изјави еден од неговите браќа, пренесува агенцијата Синхуа. Претходно во петокот јеменското министерство за одбрана јави дека ал-Алваки е убиен заедно со неколкумина негови соработници, без наведување на подробности за операцијата. Јеменските медиуми, пак, објавија дека ал-Авлаки е убиен во провинцијата Абијан во јужниот дел на земјата во напад на американско беспилотно летало врз колона од автомобили, а во еден од нив бил водачот на јеменската ќелија на Ал Каеда. Како што пишува Синхуа, еден од нејзините дописници имал телефонски разговор со брат на имамот кој му рекол дека ал-Авлаки е жив, и оти тој не бил во колоната автомобили којашто била нападната од американското летало.Истовремено, американските разузнавачи ја потврдуваат информацијата за смртта на ал-Авлаки, пренесува Associated Press. Минатата година, јеменската армија исто така тврдеше дека ал-Авлаки е убиени за време на операција на нејзините воздухопловни сили, но подоцна беше приморана да ја повлече информацијата и да признае дека имамот го преживеал нападот.Ал-Авлаки е американски државјанин, роден во Ново Мексико а израснат во Јемен. Како што беше наведено од страна на еден агент на ФБИ, ал-Авлаки со измама добил грант за образование на Универзитетот Колорадо во раните 1990-ти, намерно ставајќи погрешно место на раѓање во прашалникот за добивање на грантот. Додека бил студент, ал-Авлаки се свртел кон радикалниот ислам и почнал да проповеда во џамиите во Сан Диего и во Форт Колинс во сојузната држава Колорадо.Имамот го привлекол вниманието на ФБИ врз себе во 1999 година. Истрагата се сомневала дека тој контактирал со некои агенти на Ал Каеда, кои одржувале сателитска врска со Осама бин Ладен. Поради недостигот од докази, случајот е затворен.Според ФБИ, ал-Авлаки, исто така, ја посетувал џамијата во Сан Диего, во сојузната држава Калифорнија, заедно со Наваф ал-Хазми и Калид ал-Мидхар, коишто на 11-ти септември 2001 го киднапираа авионот којшто потоа го урнаа врз зградата на Пентагон. Агентот на ФБИ е убеден дека ал-Авлаки однапред знаел за нападот.Јеменските власти потврдија дека ал-Авлаки имал средби со обвинетиот за обид за извршување терористички напад во авионот А-330 над аеродромот во Детроит на 25-ти декември 2009 година, државјанинот на Нигерија, Умар Фарук Абдулмуталаб.Ал-Авлаки, исто така, контактирал и со мајорот Малик Хасан лекар психијатар во американската армија, кој во 2009 година застрела 13 луѓе во воената база во ТексасВо средината на јануари 2011 година, јеменскиот суд во отсуство го осуди ал-Авлаки на казна затвор од десет години по обвинение за поттикнување на убиство на странски државјани и одржување врски со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда.Директорот на Националниот контраразузнавачки центар на САД, Мајкли Лејтер, го нарече ал-Алваки центар, најуспешните промотор на екстремистички ставови на интернет, притоа тврдејќи дека имамот може да претставува најголемата закана за американската национална безбедност.Откако на почетокот од мај во Аботебад во Пакистан беше убиен водачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, повеќето светски експерти за борба против тероризмот не исклучуваа дека на негово место може да дојде токму ал-Алваки./крај/син/ап/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“, повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува Танјуг.
Полицијата во моментов спроведува истрага со проверка на робата во продавниците, поради што се уште не се знае конечната количина на дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.