Свет
Папата повика петмина неверници на собирот во Асиз
Папата бенедикт Шеснаесетти ќе повика пет интелектуалци – неверници да учествуваат на собирот „Денови на размислување, дијалог и молитва за мир и правдина во светот“, кој ќе се одржи на 27 октомври во Асиз во централна Италија.
Папата бенедикт Шеснаесетти ќе повика пет интелектуалци – неверници да учествуваат на собирот „Денови на размислување, дијалог и молитва за мир и правдина во светот“, кој ќе се одржи на 27 октомври во Асиз во централна Италија.
Француската филозофка и писателка со бугарско потекло Јулија Кристева, британскиот филозоф Ентони Клифорд Грејлинг, мексиканскиот филозоф Гилермо Хуртадо, австрискиот мислител Валтер Баиер и италијанскиот филозоф Ремо Бодеи ќе учествуваат на дискусијата со тема „Аџии на вистината, аџии на мирот“.
Светиот татко лично се завземал на тој собир да бидат повикани и неверници, оценувајќи дека дијалогот со нив ќе биде од корист за црквата, но и за атеистите и агностиците.
Претставниците на религиите ќе ја обноват „определеноста за мир“ на свеченоста која во текот на попладнето ќе се одржи на плоштадот „Свети Фрањо“ во Асиз.
Дваесет и пет години по историската средба на верските лидери од цел свет на повик на папата Иван Павле Втори – на кој Јозеф Рајцингер (денешниот папа, а тогаш кардинал) изрази воздржаност за идејата – Бенедикт Шеснаесетти реши да го свика овој нов собир за религиите заеднички да се завземат за мир и да ја отфрлат нетрпеливоста во име на Господ.
Папата, кој особено бара да се почитува секоја вера, сака да одбегне каков и да е синкретизам, па затоа е предвидено во текот на средбата да биде предвидено време за заедничка сведочење и медитација, но и за одвоени молитви.
Помеѓу 120 и 150 луѓе ќе учествуваат на овој собир. Бенедикт Шеснаесетти со гостите ќе сподели „скромен ручек во знак на сочуство со страдањата на оние кои не можат да живеат во мир“ во манастирот „Света Марија Ангелска“. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти EMSC.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километри од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12:37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, по што следеа афтершокови.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.