Свет
Пореметувањата на мозокот скапо ја чинат Европа
Годишната цена на болестите на пореметување на мозокот во Европа рипна на 798 милијарди евра, додека континентот се соочува со политичка, социјална и финансиска темпирана бомба затоа што заболуваат се повеќе луѓе.
Годишната цена на болестите на пореметување на мозокот во Европа рипна на 798 милијарди евра, додека континентот се соочува со политичка, социјална и финансиска темпирана бомба затоа што заболуваат се повеќе луѓе.
Во студијата на Европскиот совет за мозок (ЕБЦ) се вели дека сметката за мозочните пореметувања како што се депресијата, тегоби, несоници или дименции ќе расте затоа што луѓето живеат подолго и оттаму овие болести стануваат „главен економски предизвик за европското здравство“.
Проекцијата на тие трошоците е направена откако во септември беа објавувани резултатите на студијата, кои открија дека Европјаните често патат од невролошки и ментални пореметувања: речиси 165 милиони луѓе или 38 проценти од населението болува од мозочни пореметувања. Во само една третина од случаите болните добиваат соодветна терапија или лекови и затоа менталните заболувања станаа голем економски и социјален товар, тежок стотици милијарди евра. Цената е толку голема заради тоа што болните толку лошо се чувствуваат, што не можат да работат, а им пропаѓаат и личните врски.
„Менталните пореметувања станаа најголем европски здравствен предизвик на 21-от век“, велат авторите на студијата.
Истовремено, некои фармацевтски фирми се откажуваат од вложувањата во истражувањата на работата на мозокот и неговото влијание на однесувањето. Поради тоа, товарот на финансирањето на неврологијата падна на владите и на хуманитарните организации во здравството.
Сумата од 798 милијарди евра, што е 1.550 евра по жител на Европа, е повеќе од двојно од цената до која истите автори дошле во истражувањето спроведено во 2005 година.
„Зголемениот товар на болеста, како и зголемените трошоци произлезени од неа, се темпирана бомба под европското стопанство и општество“, се вели во извештајот на експертите од цела Европа.
Менталните болести се и главна причина за смртта, инвалидноста и економските пореметувања и во целиот свет, а Светската здравствена организација предвидува дека до 2020 година депресијата ќе биде втора водечка болест на сите нивоа.
Во Европа таа перспектива веќе е реализирана, болестите на мозокот веќе се, поединечно, најголема причина за болестите во ЕУ. Четирите најлоши состојби се: депресија, деменција – како што е Алцхајмеровата болест и васкуларните деменции – зависноста од алкохол и мозочните удари. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.