Свет
Русија и Кина со вето за резолуцијата за Сирија
Русија и Кина вложија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, со која требаше да се осуди режимот во Сирија, но не и да се изречат санкции, што предизвика огорченост кај Соединетите Американски Држави (САД).
Русија и Кина вложија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, со која требаше да се осуди режимот во Сирија, но не и да се изречат санкции, што предизвика огорченост кај Соединетите Американски Држави (САД).Текстот на резолуцијата, кој беше предмет на гласање синоќа, претставуваше ублажена варијанта на претходните нацрти и беше повлечена заканата со санкции доколку сирискиот режим ги игнорира меѓународните повици за прекин на насилното гушење на продемократските протести.И покрај тоа, што од тестот беше целосно исфрлен зборот санкции, тоа не беше доволно за Русија и Кина, кои сепак вложија вето. Нацрт текстот на резолуцијата го изготвија неколку држави предводени од Франција, чиј амбасадор во ОН, Жерар Арау изјави дека „ветото нема да ги сопре“ и дека „ниту едно вето не им дава за право на сириските власти да прават што сакаат.Покрај Русија и Кина, поддршка за резолуцијата не дадоа ниту Бразил, Индија, Јужноафриканската Република (ЈАР) и Либан, кои се воздржаа од гласање.Москва се противи на санкции кон Дамаск бидејќи смета дека таков конфротирачки пристап води против мирното решавање на кризата, изјави рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин, изразувајќи загриженост дека резолуцијата би ја отворила вратата кон воена интервенција, слична како онаа во Либија.Со месеци Русија, Кина, Бразил, Индија и ЈАР ги критикуваа САД и европските членки на Советот за безбедност дека дозволиле НАТО да ги мине границите на мандатот, со кој требаше да ги заштити цивилите во Либија.Кинескиот амбасадор, пак, изјави дека Пекинг се противи на мешањето во „внатрешните работи на Сирија“.Одлуката на Русија и Кина да го искористат правото на вето укажува дека Советот за безвредност би можел со месеци да биде блокиран во надминување на кризата на Блискиот исток, оценуваат дипломатски извори.Американската амбасадорка во ОН, Сузан Рајс истакна дека Вашингтон е огорчен бидејќи Советот за безбедност не успеа во обидот да се спротистави на растечката закана за мирот во регионот и покрај тоа што во нацрт текстот не беа спомнати санкциите.Според податоците на ОН, сирискиот режим во неколкумесечните уривање на протестите убил најмалку 2.700 цивили. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Убиен работник од Украина во Славонски Брод
Во центарот на Славонски Брод во попладневните часови е пронајдено машко тело.
Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот.
Се работи за млад градежен работник од Украина. Конфликт се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).
Полицијата соопшти дека телото на мажот е пронајдено во куќата околу 15:17 часот и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.
Свет
Макрон и градоначалничката на Париз најавија дека ќе пливаат во Сена: Сакаат да го докажат добриот квалитет на водата за Олимписките игри
Градоначалничката на Париз, Ан Идалго изјави дека ќе плива во Сена со францускиот претседател Емануел Макрон за да докаже дека квалитетот на водата на реката ќе биде на нивото потребно за претстојните Олимписки игри.
Идалго потврди дека ги поканила организаторите на Олимпијадата и високите француски функционери да пливаат во Сена на настан кон крајот на јуни или почетокот на јули оваа година, вклучувајќи го и Макрон, кој претходно ветил дека ќе плива во реката, пренесува АП.
„Ќе нуркаме во Сена и многу волонтери се појавија да нуркаат со мене и многу спортисти ќе бидат таму. Ќе биде безбедно да се плива во Сена“, изјави Идалго.
Претходно, француската невладина организација „Suffrider Foundation“ предупреди дека квалитетот на водата во Сена не е доволно добар за пливање за време на Олимпијадата, врз основа на шестмесечни мерења на квалитетот.
За чистење на оваа река ќе бидат инвестирани 1,4 милијарди евра, а од 1 јуни ќе почнат новите рутински мерења.
Организаторите на ОИ претходно најавија дека е можно да се одложат одредени настани во случај на голема загаденост на Сена, а во најлош случај ќе биде откажан пливачкиот дел од планираните триатлони.
Исто така, беше најавено дека пливањето во делови на Сена ќе биде дозволено за јавноста, за прв пат од 1923 година.
Свет
Јужнокореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази откако му го изгребале автомобилот
Маж од Јужна Кореја е осуден на 14 месеци затвор за убиство на 76 мачки во еден од најлошите случаи на суровост кон животните во Јужна Кореја во последните години.
Човекот, кој има 20 години, беше осуден за кршење на јужнокорејскиот закон за благосостојба на животните минатата недела, соопшти Окружниот суд Чангвон во југоисточна Јужна Кореја. Судот не го објави името на човекот.
Човекот убивал мачки од декември 2022 година до септември 2023 година поради омразата кон животното која ја развил откако други мачки му го изгребале автомобилот, се наведува во образложението на пресудата.
Тој фатил мачки скитници и посвоил други од интернет-страниците пред да ги задави некои до смрт, а други да ги убие со ножици, смета судот.
Со автомобил прегазил една мачка.
Судот процени дека затворската казна е неизбежна затоа што тој постојано правел „неописливо сурови“ злосторства со предумисла.
Нагласено е дека изречената казна сепак го одразува фактот дека мажот немал криминално досие и се кае за сторените кривични дела, додавајќи дека е утврдено дека неутврденото психичко здравје на мажот било мотив за делата.
Човекот ја обжали пресудата.
„Овој случај на суровост, исто така, ја истакнува важноста од измена на Граѓанскиот законик за правно признавање на животните како живи суштества и дополнително зајакнување на нивната правна заштита“, рече Борами Сео, директор на јужнокорејската канцеларија на Humane Society International.