Свет
Википедија ги блокираше италијанските страници поради законот
Википедија го оневозможи пристапот и пребарувањето на содржината на своите интернет страници на италијански јазик како протест против законот за заштита на приватноста кој го предлага владата на премиерот Силвио Берлускони а кој би вовел нови ограничувања за весниците и интернет страниците.
Википедија го оневозможи пристапот и пребарувањето на содржината на своите интернет страници на италијански јазик како протест против законот за заштита на приватноста кој го предлага владата на премиерот Силвио Берлускони а кој би вовел нови ограничувања за весниците и интернет страниците. Интернет енциклопедијата предупреди дека би можела трајно да ја затвори својата страница www.wikipedia,it поради одредбите од законот кој ги принудува интернет страниците да ги исправаат содржините кои ќе бидат оценети како штетни за угледот на некоја личност во рок од 48 часа од поплаката без право на обжалување. Италијанскиот парламент расправа за измена на законот со кој би се ограничиле правата на италијанските весници да објавуваат полициски транскрипти од прислушувани телефонски разговори во текот на прелиминарните истраги. Потегот на Википедија е совпадна со протестните собири кои беа планирани во Рим против овој закон. „Обврската на нашите страници да објавуваме исправки без право да расправаме за или да ја провериме исправност ана барањето е неприфатливо ограничување на слободата и независноста на Википедија“, се наведува во писменото соопштение објавено на италијанската страница на енциклопедијата со потписот „Корисници на Википедија“. Во средата беа блокирани пристапот и пребарувањето на другите станици на Википедија на италијански јазик./крај/хи/сн’
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.