Свет
Заболувањето од Алцхајмеровата болест поврзано со животниот стил
Седум фактори на ризикот значително ја зголемува опасност од Алцхајмеровата болест, а тие главно поврзани со начинот на живот, се во врска со речиси половината случаи во светот
Седум фактори на ризикот значително ја зголемува опасност од Алцхајмеровата болест, а тие главно поврзани со начинот на живот, се во врска со речиси половината случаи во светот, се вели во студијата којашто во пред извесно време била претставена во Париз на Меѓународната конференција на здружението Алцхајмер (ААIC).Според математичкиот модел на истражувачкиот тим од Универзитетот Калифорнија, објавен во магазинот Lancet Neurology, намалувањето за 25 отсто од ризичните фактори би можело да спречи повеќе од три милиони случаи на Алцхајмеровата болест во светот. Намалувањето од само 10 отсто, би претставувало спас за милиони случаи, тврдат научниците.
За да дојде до овие заклучоци, тимот научници предводен од Дебора Барнс го проценил бројот случаи кои биле примени во јули на секој претпоставен причинител на ризикот во светот. Најзначајниот фактор е слабата образованост – 19 отсто, бидејќи се чини дека интелектуалната активност има заштитен ефект. Потоа следува пушењето со 14 отсто, физичката неактивност со 13 проценти, депресијата – 11, високиот притисок со 5, дебелината со 2 и дијабетесот со 2 отсто.
„Се изненадивме од тоа што факторите на животниот стил, како на пример физичката неактивност и пушењето, може да придонесат за еден толку голем број случаи на Алцхајмеровата болест, како и кардиоваскуларните болести“, вели БарнсНаучниците, меѓутоа, истакнуваат дека овие процени се темелат врз важните претпоставки кои не се докажани: дека постои причинско-последичен однос меѓу испитаните фактори на ризикот и Алцхајмеровата болест, како и дека нивното намалување ќе доведе до намалувањето на опасноста од развојот на заболувањето Следната фаза се состои во спроведувањето на поопсежно истражување коешто би можело да покаже дали промената на факторите на ризикот навистина може да ја намалат опасноста од развојот на болеста./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.