Свет
Во Триполи обновени борбите меѓу приврзаниците на Гадафи и востаниците
Неколку десетици вооружени приврзаници на соборениот либиски лидер Моамер ел-Гадафи водат борби со силите на Националниот преоден совет (NTC), по улиците на главниот град Триполи, јавува Reuters.
Неколку десетици вооружени приврзаници на соборениот либиски лидер Моамер ел-Гадафи водат борби со силите на Националниот преоден совет (NTC), по улиците на главниот град Триполи, јавува Reuters.Како што изјавија очевидци за агенцијата, во петокот во квартот Абу-Салим се појавила група луѓе кои извикувале слогани за поддршка на соборениот водач на либиската Џамахирија.Набрзо во населбата Абу-Салим дошол камион полн со припадници на единиците на Советот, кои започнале престрелка со лојалистите на Гадафи.Според агенцијата, во судирот и двете страни користат тешко автоматско оружје.Засега нема информации за евентуални жртви меѓу припадниците на двете групи, а ниту меѓу цивилите.„Гадафи во неговата порака од минатата ноќ им порача да се кренат на бунт по петочните молитви. Тоа е причината што овие неколкумина излегоа и го предизвикаа овој проблем“, изјави за агенцијата борец од силите на Советот, кој се претставил како Абдула. Гадафи во минатото објавуваше голем број аудио пораки во кој ги повикуваше лојалистите на борбата против новата влада којашто го собори од власт а нејзините сили пред два месеца ја преземаа целосната контрола врз престолнината Триполи.„Апелирам до целиот народ на Либија да излезе на марш во милиони, на сите плоштади во сите градови и села и оази“, изјави полковникот Гадафи во една таква порака претхдно месецов. „Одете мирно.. бидете храбри, станете, одете на улиците, подигнете ги нашите зелени знамиња до небото“, рече Гадафи во една аудио порака.
Каде се наоѓа по 40 години соборениот од власт Гадафи сé уште е непознато. Дел од неговото семејство, сопругата Сафија, ќерката Ајша и синовите Мухамед и Ханибал пребегнаа во Алжир, но подоцна имаше информации дека заминале во Египет. /крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.