Свет
Иран побара од САД информации за заговорот за атентат врз саудискиот амбасадор
Иран побара од САД да обезбеди информации за случајот на заговор на иранските специјални служби со кој наводно било планирано да биде убиен амбасадорот на Саудиска Арабија во Вашингтон
Иран побара од САД да обезбеди информации за случајот на заговор на иранските специјални служби со кој наводно било планирано да биде убиен амбасадорот на Саудиска Арабија во Вашингтон, Адел Ал-Џубејра, пренесува во понеделникот AFP, повикувајќи се на изјава на шефот на иранската дипломатија Али Акбар Салехи.За откривањето на наводниот заговор, на 12-ти октомври соопшти главниот обвинител на САД, Ерик Холдер. Според него, убиството на амбасадорот го подготвувале фракции во иранската влада. Од друга страна, портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни, изјави дека високи функционери од специјалната служба „Ал Кудс“ кој е дел од Гардата на чуварите исламската револуција, не само што знаеле за заговорот за атентат врз саудискиот амбасадор во Вашингтон, туку и биле вклучени во него. „Ние сме подготвени да го разгледаме ова прашање непристрасно, дури и ако тоа е создадено вештачки, и побаравме од САД да обезбеди информации во врска со случајот“, ги цитира агенцијата зборовите на Салехи.Како што пишува иранската агенција ISNA, иранското министерство за надворешни работи во понеделникот го повикало амбасадорот на Швајцарија, којашто ги претставува дипломатските интереси на САД во Исламската Република Иран, за објаснувања во врска обвиненијата од американската страна.Претходно иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, ги нарече овие обвиненија за заговор „ново сценарио на САД“ против Исламската република.САД на 13-ти октомври официјално го информираше Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун, и претставниците на сите 15 земји членки на Советот за безбедност за суштината на обвинувањата против Иран во заговорот за атентат врз амбасадорот./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.