Свет
Најмалку 20 загинати при превртување на брод со студенти во Пакистан
Моторен чамец на кој имало 50 студенти се превртел во канал во близина на градот Сахивали во североисточниот дел на Пакистан, при што се удавиле најмалку 20 луѓе, јавува пакистанскиот портал News, повикувајќи се на официјални извори.
Моторен чамец на кој имало 50 студенти се превртел во канал во близина на градот Сахивали во североисточниот дел на Пакистан, при што се удавиле најмалку 20 луѓе, јавува пакистанскиот портал News, повикувајќи се на официјални извори.Според информациите на локалните медиуми, трагедијата за којашто причините сé уште не се познати, се случила во понеделникот вечерта.Поголем моторен чамец кој превезувал околу 50 студенти од локалниот технолошки колеџ, се превртел на средината од каналот преку кој се испушта водата од реката Рави во системот за наводнување. Каналот не е многу голем, но во некои области има калливо дно и стрмни брегови, забележуваат медиумите.Во вторникот во раните утрински часови, спасувачите извлекле на брегот 20 тела, а пребарувањето продолжува, будејќи неколку луѓе се водат за исчезнати. Меѓутоа, медиумите не пишуваат колку од патниците успеале да се спасат./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.