Свет
Судири на почетокот од уривањето на дивата населба во Лондон
Силите за интервенција на британската полиција во средата почнаа да ја уриваат најголемата дива населба во Англија, користејќи се со елетрошокери против демонстрантите кои вооружени со метални шипки ги гаѓаа со камења и фекалии.
Силите за интервенција на британската полиција во средата почнаа да ја уриваат најголемата дива населба во Англија, користејќи се со елетрошокери против демонстрантите кои вооружени со метални шипки ги гаѓаа со камења и фекалии.Служебници прво ја урнаа оградата на задниот дел од фармата Дејл недалеку од Бејсилдон во покраината Есекс и низок ѕид на влез во фармата, правејќи пат за булдожерите со што требаше да се заврши десетгодишната правна битка за сопственоста на земјиштето, една од најжестоките во поновата британска историја.Локалните функционери изјавија дека се исцрпени сите можности за постигнување мирно решение и дека лицата кои престојуваат на фармата немаат никаква намера да соработуваат во акцијата на отстранување на нивните диви градби.„Целосно сум уверен дека ние, по десет години преговори во кои настојувавме да најдеме мирно решение за ова, ја правиме вистинската работа. Сметам дека количеството насилство кое од утринава го искажаа демонстрантите ја покажува целосната исправност на одлуката за операцијата на чистење на земјиштето што ја презема полицијата“, изјави претседателот на градскиот совет на Бејсилдон, Тони бол, пренесува Reuters.Полицијата соопшти дека електрошокерите ги користела против двајца демонстранти, кога полицајците се почувствувале директно загрозени. Три лица се уапсени, полесно се повредени шест луѓе а една жена е хоспитализирана поради повреди на грбот. Бол, исто така, изјави дека операцијата на чистење ќе трае „колку што ќе биде потребно“, а демонстрантите од своја страна дадоа ветување оти „ќе се борат до крај“ .Жителите на дивата населба, околу 400, тврдат дека со нејзиното уривање се кршат нивните човечки права и дека државата ги угнетува оваа ранлива заедница чиј животен стил не е ист со стандардниот. Локалното население, пак, често се жалеше на големите количества ѓубре и на големата бука од населбата. Градските власти толкуваат дека станува збор за спор поради сопственоста на земјиштето, бидејќи се крши законот за дива изградба во зелениот појас околу британскиот главен град Лондон, кој е оставен така токму за да се спречи ширењето на градбите. Во минатото имаше и обиди да се најде и алтернативни локации за нова населба, но преговорите не дадоа резултати. /крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пациентите со задолжително здравствено осигурување во Германија повторно би можеле да плаќаат такса за лекување во ординации
Во борбата против постојано зголемувањето на трошоците за здравствена заштита во Германија, економските експерти предлагаат поголемо учество на обврзниците на здравственото осигурување и повторно воведување на надоместоци за здравствена заштита, односно лекување во ординациите на општа пракса, пишува магазинот Феникс.
Шефот на Одделот за здравствена компетентност при Институтот за економски истражувања во Рајнише Вестфален Лајбниц (РВИ), Борис Аугурски, за Билд изјави дека укинувањето на здравствената такса во лекарските ординации е грешка.
– Наместо таксата за претходна пракса од десет евра по посета на лекар, подобро е, на пример, да земете пет евра по посета на лекар. Исклучок треба да биде земање рецепти, рече Аугурски, пренесува магазинот Феникс.
Стефан Грес, здравствен економист од Фулда, се залага за значително зголемување на прагот на придонесот.
Постепено треба да се зголеми од сегашните 62.100 евра годишно на 90.600 евра годишно.
– Тоа значи дека компаниите за здравствено осигурување би можеле да заработуваат околу десет милијарди евра повеќе годишно, изјави Грес за Билд.
Од друга страна, економистот од Фрајбург, Бернд Рафелхусен, повикува на здравствени придобивки независно од платата.
– Доколку сакате да платите помала такса, мора да ја зголемите месечната здравствена такса. Компаниите за здравствено осигурување мора да се вклучат за да им помогнат на луѓето кои не заработуваат доволно, рече Бернд Рафелхузен.
Пациентите со задолжително здравствено осигурување во Германија до крајот на 2012 година требаше да плаќаат квартален надоместок од десет евра за лекување и стоматолошки третман. Таксата беше укината во 2013 година.
Свет
Кина испраќа тројца астронаути во вселенската станица како дел од својата програма на Месечината
Кинеската вселенска агенција ги прави последните подготовки за испраќање на екипажот Шенжу-18 во ниската орбита на Земјата, како дел од нејзината вселенска програма која има за цел да испрати луѓе на Месечината до 2030 година.
Кинеската вселенска агенција за екипаж (CMSA) на денешната прес-конференција претстави тројца астронаути, командант Је Гуангфу, кој беше дел од мисијата Шенжу-13 2021, Ли Конг и Ли Гуангсу, кои за прв пат ќе одат во вселената, пренесува CRI. .
Вселенското летало со тројца луѓе се очекува да полета во четврток во 20:59 часот по локално време од центарот за лансирање на сателити Џиукван во пустината Гоби во северозападна Кина.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.