Свет
Британија одби референдум за излегување од ЕУ
Британскиот парламент во понеделникот доцна попладне го одби предлогот за национален референдум за отстапување на земјата од членството во Европската унија
Британскиот парламент во понеделникот доцна попладне го одби предлогот за национален референдум за отстапување на земјата од членството во Европската унија, но силните спротиставувања на политиката на премиерот Дејвид Камерон ги намалија неговиот авторитет и предизвикаа сомнежи во оправданоста на трајното обврзување на Велика Британија кон ЕУ.Околу 80 членови на конзервативната партија на Камерон или повеќе од четвртина се спротиставија на неговото барање и гласаа за предлог за одржување референдум, иако премиерот бараше да гласаат против истакнувајќи дека Британија не треба да излегува од ЕУ додека трае кризата во еврозоната, туку да има силна позиција во Унијата поради заштитата на своите трговски и финансиски интереси. Ова досега претставува најголемиот отпор во последно време на политиката на Камерон во однос на ЕУ.„Разбираме дека има многу од оние кои така гласаа и тоа го почитуваме, Меѓутоа, владата мора да го строи тоа што е од национален интерес, а британскиот најголем интерес е да биде во ЕУ“, се наведува во писмената изјава што ја издаде кабинетот на британскиот премиер по гласањето, што ја цитира Reuters.По повеќе од пет часа дебата во британскиот парламент, предлогот за референдум за членство во ЕУ беше лесно одбиен со 483 гласа „против“ и 111 „за“, благодарејќи на коалициските партнери на конзервативната партија, проевропските ориентирани либерални демократи, како и на опозициските лабуристи. „Кога гори домот на вашиот сосед, првиот импулс треба да биде да му помогнете да го изгаси огнот, ништо помал отколку кога гасите оган за да не ја достигне вашата куќа. Тоа не е време за дебати за заминувања“, изјави Камерон во британскиот парламент во кој вчера, како што известуваат британските медиуми, било доста бучно. Додека оние коишто го поддржуваат членството на Велика Британија во ЕУ тврдат дека 40 отсто од трговијата се одвива во еврозоната и дека излегувањето од Унијата би предизвикало стопанска штета за земјата, евроскептиците ги отфрлаат таквите стравувања истакнувајќи дека Британија препушти многу од своите овластувања на ЕУ за која сметаат дека е недемократска и со премногу регулативи со што го кочи економскиот напредок./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ЕУ инвестира повеќе од 65 милиони евра во развој на вештачка интелигенција
Европската комисија (ЕК) најави дека ќе инвестира повеќе од 65 милиони евра во развојот на вештачката интелигенција (АИ), вклучително и 50 милиони кои ќе бидат наменети за финансирање проекти насочени кон развој на нови начини за комбинирање на податоците.
ЕК објави повици за предлози за финансирање проекти во областа на вештачката интелигенција и квантната технологија во рамките на програмата за истражување и иновации Хоризонт Европа од 2023 до 2024 година, објави АНСА.
ЕК наведува дека проектите се насочени кон подобрување на доверливоста на системите за вештачка интелигенција и обезбедување значителен увид во процесите на донесување одлуки за вештачка интелигенција.
Регион
Мајката на осомничениот за убиството на Данка: Не го видов телото на мојот син
Светлана Драгијевиќ, мајката на Далибор Драгијевиќ, кој почина од насилна смрт во полициската станица во Бор, на распитот за убиството на Данка Илиќ (2), за порталот „Нова.рс“ вели дека нејзиниот починат син бил жртва на полициска тортура.
Таа истакнува дека не го видела телото, и дека се уште го чека извештајот од обдукцијата на нејзиниот син.
Драгијевиќ е брат на Дејан, осомничениот за убиството на девојчето Данка Илиќ. Тој беше приведен на 6 април под сомнение дека му помогнал на својот брат да го сокрие нејзиното тело, а почина ноќта меѓу саботата и неделата, односно на 7 април.
Мајката на Драгијевиќ за Нова.рс изјави дека никој не дошол кај неа да и каже дека нејзиниот син е претепан, туку дека само полицаецот дошол да ја извести за неговиот погреб.
„Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил, од Бор се. Извештајот од обдукцијата се уште не сум го добила, па се надевам дека ќе открие се“, вели Светлана, која исто така наведува дека не го видела телото на синот.
Неделникот „Радар“ неодамна објави дека обдукцијата покажала дека Драгијевиќ починал со насилна смрт, а доказ за тоа се бројните повреди што ги имал по телото. Но, полицијата во соопштението наведе дека Драгијевиќ починал од природна смрт, односно му се слошило во полициската станица.
Полицијата ги уапси работниците на ПУК „Водовод“ Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ под сомнение дека го убиле девојчето Данка Илиќ. Таткото Радослав и братот Далибор на осомничениот Драгијевиќ беа приведени под сомнение дека му помогнале да го сокрие телото на детето.
Телото на Данка се уште не е пронајдено.
Свет
Дмитриј Песков: Москва се придржува до идејата на Путин за создавање тампон зона во Украина
Москва се придржува до идејата на рускиот претседател Владимир Путин за создавање тампон зона во Украина за заштита од оружје со долг дострел, изјави на прес-конференција портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Што се однесува до тоа, ништо не е променето“, рече тој одговарајќи на новинарско прашање, пренесе ТАСС.
Портпаролот на Кремљ додаде дека прашањето за борбата против оружјето со долг дострел доставено до Украина и потенцијалните напади врз областите во кои тие се концентрирани е „прилично во надлежност на вооружените сили“.