Свет
Најмалку десет војници убиени во Авганистан
Најмалку десет војници на западната алијанса се убиени во денешниот самоубиствен напад на автобус на силите на НАТО, јавуваат светските медиуми.
Најмалку десет војници на западната алијанса се убиени во денешниот самоубиствен напад на автобус на силите на НАТО, јавуваат светските медиуми.
Одговорноста за нападот ја презедоа талибанските бунтовници. Агенцијата Франс прес добила СМС порака од портпаролот на талибаните во која што се вели дека тие се одговорни за нападот.
Извор од западната алијанса за Франс прес вели дека во нападот загинале 10 припадници на силите на НАТО во Авганистан.
Авганистанското министерство за внатрешни работи пак соошти дека во нападот загинале тројца цивили и еден авганистански војник./крај/б/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.