Свет
Најмалку три жртви на снежната бура во САД
Најмалку три лица се жртви на силната снежна бура којашто ги зафати источните и североисточните американски сојузни држави а околу два милиона луѓе од неделата наутро останале без електрична енергија, јавува CNN.
Најмалку три лица се жртви на силната снежна бура којашто ги зафати источните и североисточните американски сојузни држави а околу два милиона луѓе од неделата наутро останале без електрична енергија, јавува CNN.Главната причина за смртта на трите жртви, како и за нарушување на снабдувањето со струја преку далноводите е тежината на влажниот снег под кој не издржале гранките на големи дрвја, пренесува телевизијата.Според информациите, во Пенсилванија еден постар човек загинал кога дрво паднало врз неговата куќа. Жител на Конектикат починал откако врз неговиот автомобил паднало дрво. Уште една жртва на невремето засега е регистрирана во државата Масачусетс, која ги ингорирла сите предупредувања и полициските сигнализации поставени околу столбовите од далноводот, при што се удрила во метална бариера која паднала под товарот на снегот.Претходно во неделата телевизиската мрежа MSNBC пренесе дека воопшто невообичаените за овој период од годината врнежи од снег кои се исто така невообичаено обилни кои започнаа во саботата, предизвикаа повеќечасовни прекини на авионскиот сообраќај на меѓународните аеродроми во Филаделфија, Њујорк и Њу Џерси, на кои се откажани околу илјада летовиГувернерите на Њу Џерси, Њујорк, Конектикат и Масачусетс објавија вонредна состојба во овие сојузни држави.Според прогнозите на метеоролозите, снежната бура значително ќе ослабува до доцна навечер во недела./крај/цнн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „постои ризик Европа да умре“ за време на говорот на Универзитетот Сорбона во Париз.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува Ројтерс.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.