Свет
Шешељ казнет со 18 месеци затвор
СветШешељ казнет со 18 месеци затвор Хаг, Холандија 31.10.2011 (Макфакс) – Хашкиот трибунал изрече нова пресуда од 18 месеци затвор за лидерот на радикалите Воислав Шешељ поради објавување на идентитетот на заштитен сведок од неговиот процес за воени злосторства.
Хашкиот трибунал изрече нова пресуда од 18 месеци затвор за лидерот на радикалите Воислав Шешељ поради објавување на идентитетот на заштитен сведок од неговиот процес за воени злосторства. Според судот Шешељ во една од своите книги објавил податоци со кои би можело да се идентификуваат 10 сведоци чиј идентитет бил заштитен од Хашкиот трибунал. Како отежителна околност судиите навеле дека тој не се покајал.Висината на казната судот ја образложил дека би претставувала обесхрабрување за слични постапки. Новата казна, според пресудата, Шешељ ќе ја издржи откако ќе му заврши претходната од 15 месеци затвор, осуден за истото дело. Шешељ е во Хаг од 24 февруари 2003 година кога сам се предаде на трибуналот. крај.Б92.км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти EMSC.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километри од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12:37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, по што следеа афтершокови.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.