Свет
Чешки министер поднесе оставка поради милиони сокриени за време на разводот
Чешкиот министер за индустрија и трговија Мартин Коцоурек принуден е да ја напушти владата на премиерот Петер Нечас откако се откри дека сокрил 16 милиони круни од поранешната сопруга, во време на разводот пред три години.
Чешкиот министер за индустрија и трговија Мартин Коцоурек принуден е да ја напушти владата на премиерот Петер Нечас откако се откри дека сокрил 16 милиони круни од поранешната сопруга, во време на разводот пред три години.
Мајката на министерот во март 2008 година склучила договор со компанијата Ки Инвестментс, близок бизнис партнер до чешкиот електроенергетски гигант ЧЕЗ, во времето кога нејзиниот син бил шеф на Надзорниот одбор и добила обврзници кои за три месеца ги продала.
Така на сметката на 60 годишната мајка на министерот, пензионерка која никако не можела да има пари за таа трансакција, се појави сума од 16 милиони круни(640.000 евра).
Деталите на сомнителната трансакција која укажуваше на корупција ја објави чешкиот дневен весник „Млада Фронта Днес“.
По неколку дневен притисок на опозицијата и колегите во владата, но и на премиерот Нечас за да каже од каде му се парите, Коцоурек признал дека тоа се негови пари што ги сокрил од тогашната сопруга за време на разводот, за да не и припадне дел на кој законски имала право.
Бидејќи Ки Инвестментс е вмешана и во богатењето на поранешниот премиер Стањислав Грос пред шест години, кој стекна милиони купувајќи и продавајќи преку неа хартии од вредност, опозицијата не поверува во таквото објаснување и Коцоурек синоќа поднесе оставка.
Премиерот ја прифати оставката, а поранешната сопруга на министерот веќе ангажирала правници да се изборат за дел од имотот што Коцоурек го сокрил, а според мислењето на некои адвокати, му се заканува и казна за затајување данок бидејќи тие 16 милиони круни не ги пријавил како приход. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.