Свет
Обидите за поврзување со сондата „Фобос-Грунт“ не дадоа резултат
Зачестените обиди од страна на руски и европски експерти за воспоставување контакт и придвижување на моторите на руската меѓупланетарна станица „Фобос-Грунт“ (Фобос – Површина), направени ноќта од петок кон сабота и во саботата наутро, не дале никакви резултати
Зачестените обиди од страна на руски и европски експерти за воспоставување контакт и придвижување на моторите на руската меѓупланетарна станица „Фобос-Грунт“ (Фобос – Површина), направени ноќта од петок кон сабота и во саботата наутро, не дале никакви резултати, изјави за РИА Новости извор од рускиот ракетно-вселенски сектор.
„Минатата ноќ, и повторно утрово, беа направени обиди да се воспостави врска со станица ‘Фобос-Грунт’ од страна на руските специјалисти и експертите од ESA (Европската вселенска агенција). Ова беше направено од наша страна, како од Бајконур, така и од другите центри за следење на сондата во други зони. Сепак, врски со леталото не беа воспоставени“, вели соговорникот на агенцијата.
Според него, експертите се обидуваат да се „пробијат“ во системот за контрола на сондата, за да видат што се случува со него, односно да прецизираат каде настанал проблемот. „Тие сакаат да ја добијат телеметријата. Доколку дојдат до неа, тие ќе можат да направат анализа и ќе се обидат да го репрограмираат апаратот“, вели изворот на РИА Новости.
Според соговорникот на агенцијата, руската страна апелирала до американски колеги да го следат леталото со користење оптички средства.
„Американците се согласија и потврдија дека леталото се наоѓа во сончевата ориентација, тоа значи дека има уште време кога ‘Фобос-Грунт’ теоретски би можел да земе курс кон Марс, односно до можниот влез на сондата во атмосферата и до затворањето на ткн астрономски прозорец, а тоа е до 21-ви ноември “, вели изворот.
Доколку не бидат придвижени моторите на руската меѓупланетарна станица „Фобос-Грунт“ (Фобос – Површина), во почетокот на декември несогорувајќи во густа атмосфера на Земјата, делови од вселенското летало може да паднат во неколку земји, во САД, Кина, во Африка, на Блискиот исток или неколку европски држави, како и во Австралија, Јапонија, Украина и Русија.
Сондата „Фобос-Грунт“, наменета за вселенски транспорт и испорака на примероци од површината на месечината на Марс – Фобос, беше лансирана од космодромот Бајконур вечерта на 9-ти ноември. Таа беше лансирана со помош на двоетапната ракета „Зенит-2 Сб“ и работеше нормално, односно сондата без проблем се одвои од ракетата. Меѓутоа, моторите на меѓупланетарна станица не се активираа и таа не можеше да се движи по определената траекторија за нејзиниот меѓупланетарен лет и остана во орбитата на Земјата./крај/сн/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.