Свет
рапската лига и даде уште три дена на Сирија да го сопре насилството
Арапската лига го продолжи за три дена рокот за Сирија во кој мора да прекине со насилствата против цивилите или да се соочи со економски санкции, јавија арапските медиуми.
Соопштението беше објавено по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Лигата, кој доцна синоќа заврши во престолнината на Мароко, Рабат. Сирија, чие членство во Арапската лига беше суспендирано во саботата, не3 учествуваше на состанокот.
Претходниот краен рок за владата на претседателот на Сирија, Башар ал-Асад, истече вчера.
Претседавачот со Арапската лига, премиерот и министер за надворешни работи на Катар, шеик Хамад бин Јасим ал-Тани рече дека на владејачкиот режим му е даден рок од три дена да ја сопре крвавата репресија врз своите граѓани.
„Не сакам да зборувам за последни шанси, за да не помисли Сирија дека и поставуваме ултиматум, но ние сме речиси на крајот на трпението. Но, ако Дамаск одбие да соработува со Лигата, против Сирија ќе бидат воведени санкции“, рече премиерот на Катар.
Сирија, исто така, сега има рок од три дена и да го потпише протоколот за основање на мисија која во земјата ќе ги истражува фактите од настаните во изминативе осум месеци, колку што трае бунтот против режимот на Асад. Во почетната фаза, оваа мисија треба да има помеѓу 40 и 50 члена.
Според телевизијата Al Arabiya, Арапската лига ќе ги испрати своите набљудувачи во рок од три дена откако Дамаск ќе го потпише протоколот, во кои се содржани условите за легално и организациско функционирање на мисијата. Целта на мисијата е да ја утврди вистината зад противречните информации кои со месеци доаѓаат од Сирија.
Арапската лига исто така соопшти дека е подготвена да испрати дури 500 набљудувачи во Сирија, кои ќе ја следат состојбата на теренот и ќе утврдуваат дали се кршат човековите права на граѓаните од страна на владејачкиот режим. Во мисијата би учествувале арапски активисти за човекови права, новинари и воени офицери.
Од Лигата додаваат дека во Сирија ќе бидат испратени и претставници на 16 арапски организации за човековите права, кои ќе ја набљудуваат ситуацијата во 16-те спорни области наведени од опозицијата. Тие ќе бидат одговорни директно пред раководството на Арапската лига.
Сириската влада, од своја страна, треба да даде гаранции дека набљудувачите ќе имаат целосна слобода на движење низ земјата и дека ќе можат да остваруваат средби со сите засегнати групи и организации. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.