Свет
МААЕ сака да испрати мисија во Иран
Меѓународната агенција за атомска енергија(МААЕ) сака во Иран да испрати делегација на високо ниво заради сè поголемото стравување дека оваа земја сака да направи нуклеарно оружје, најави денеска директорот на МААЕ Јуки Амано.
Меѓународната агенција за атомска енергија(МААЕ) сака во Иран да испрати делегација на високо ниво заради сè поголемото стравување дека оваа земја сака да направи нуклеарно оружје, најави денеска директорот на МААЕ Јуки Амано.Тој додаде дека на почетокот на месецот испратил писмо до шефот на организацијата за атомска енергија и предложи состанок на кој би се разговарало за последниот извештај на МААЕ.Последниот извештај содржи досега најјасни докази дека Иран спроведувал истражувања и експерименти важни за развојот на атомската бомба, при тоа наведувајќи дека некои активности траат и натаму.Иран негира дека разработува нуклеарно оружје и тврди дека нуклеарната програма е за цивилни цели. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.