Свет
Тројца загинати, 35 повредени во верижен судар во Германија
Три лица загинаа, а 35 се повредени во масовен верижен судар на автопат во западна Германија, во кој учествувале дури 52 возила.
Три лица загинаа, а 35 се повредени во масовен верижен судар на автопат во западна Германија, во кој учествувале дури 52 возила.Истрагата за несреќата е во тек, а како причина се наведува густата магла која го зафатила регионот околу градот Минстер.Неколку стотина припадници на итната помош и на противпожарникарните екипи морале да излезат на местото на инцидентот.Делницата на автопатот покрај Минстер во должина од десет километри ќе биде затворена денеска за промет. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Хаос во Дубаи поради невремето: најмалку 18 жртви во Оман, меѓу нив и деца
Обилните дождови ги зафатија Обединетите Арапски Емирати во вторникот, поплавувајќи делови од главните автопати, оставајќи напуштени возила на патиштата низ Дубаи и привремено го ставија сообраќајот во целосен застој на огромниот меѓународен аеродром во градот. Во меѓувреме, бројот на загинати во одвоените тешки поплави во соседен Оман се искачи на 18, додека непознат број луѓе се водат како исчезнати, пренесува „CBS News“.
Дождовите почнаа во текот на ноќта, оставајќи големи поплави на инаку сувите улици и аеродромските писти, додека силните ветрови придонесоа за прекин на летовите на меѓународниот аеродром во Дубаи, најпрометниот аеродром во светот за меѓународни патувања.
Strange weather in Dubai pic.twitter.com/q5lqGouTZB
— What the media hides. (@narrative_hole) April 16, 2024
Аеродромот во серија објави на социјалните мрежи соопшти дека сите операции се стопирани на околу 25 минути во вторникот попладне, и дека сите дојдовни летови ќе бидат пренасочени „до подобрување на временските услови“.
Училиштата низ ОАЕ беа главно затворени пред невремето, а државните службеници главно работеа од дома каде што беше можно. Многу работници исто така останаа дома, иако некои отидоа на работа, а некои ги оставија возилата во длабоката вода на патиштата.
Властите испратија цистерни на улиците за да ја испумпуваат надојдената вода што навлегуваше во некои домови, принудувајќи ги луѓето да користат кофи за да се обидат да ги испразнат своите домови.
وادي القور منطقة اسود
مايد الوشاحي#ميتار_عمان pic.twitter.com/EEWP5h6YGW— ميتار عمان ⚡ (@Metar_Oman) April 16, 2024
Дождот е необичен феномен во ОАЕ, но повремено се појавува за време на постудените зимски месеци. Многу улици и други области немаат одводнување поради недостаток на редовни врнежи од дожд, што ги влоши поплавите.
Дожд падна и во Бахреин, Катар и Саудиска Арабија.
Dozens of people in Oman had to be rescued as deadly flash flooding inundated the region. pic.twitter.com/D06PPR0DT0
— AccuWeather (@accuweather) April 16, 2024
Во соседниот Оман, најмалку 18 лица загинаа во обилните дождови во последните денови, се вели во соопштението објавено од Националниот комитет за управување со вонредни состојби на земјата. Тука спаѓаат 10-ина деца.
Климатолозите со години предупредуваат дека човечкото влијание врз климатските промени ќе доведе до поекстремни и помалку предвидливи временски настани ширум светот.
Делови од јужна Русија и Централна Азија, исто така, со денови се борат со невообичаено силен дожд и топење на снегот, принудувајќи десетици илјади луѓе да се евакуираат на повисоките места а повеќе од 60 луѓе загинаа во Пакистан и Авганистан.
Европа
Инцидент во Франција: Се обиделе со дрон да достават дрога во затвор
Инцидентот се случил во близина на затворот кој се наоѓа на четири километри јужно од градот Екс-ан-Прованс, во селото Луинес, пренесува „Фигаро“.
„Полицијата била известена за необична појава во близина на затворот Луинес. Беспилотно летало било над казнено-поправниот дом“, соопштија од полицијата.
Безбедносните сили го следеле сомнителното возилото кое набрзина го напуштило местото на настанот.
Возачот потоа застанал на коловозната лента на автопатот за да ги земе двајцата соучесници.
Полицајците нашле ранец со дрога и футрола за дронот.
Три лица на возраст меѓу 22 и 32 години се осомничени дека доставувале дрога на затворениците со помош на дрон.
Сите тројца се уапсени на автопатот.
Претходно францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен предупреди на трговијата со дрога во француските градови бидејќи се повеќе наркотици се доставуваат во Марсеј и други градови со скутери или автомобили од продавачите до потрошувачите.
Регион
(Видео) Падна снег во БиХ и во Словенија
Најавениот студен бран стигна и до Босна и Херцеговина, а од Нови Град пристигнуваат снимени видеа.
Имено снегот веќе пристигна во Нови Град, пренесува „ N1“.
По летните температури од претходните денови, пристигна најавениот студен бран, а снег паѓа во некои делови на Босна и Херцеговина.
Снег падна и во Словенија, како што пренесуваат медиумите.
Снег веќе паѓа и во Штаерска, на надморска височина под 500 метри.