Свет
Путин: опозицијата да биде мирна и да не создава проблеми за власта
Рускиот премиер Владимир Путин денеска ја повика опозицијата „да се однесува мирно“ и да не создава пречки за владејачката партија додека управува со земјата.
Рускиот премиер Владимир Путин денеска ја повика опозицијата „да се однесува мирно“ и да не создава пречки за владејачката партија додека управува со земјата.
„Владејачката партија и мнозинството очекуваат опозицијата да се однесува мирно и да не го ниша чамецот““, вели Путин, лидер на владејачката партија „Обединета Русија“ на последната седница на Горниот дом на руската Дума пред парламентарните избори, закажани за 4 декември.
„Опозицијата постои само за да обезбеди услови владејачката партија уште поцврсто да го стегне кормилото на државата и да му ја покаже на општеството правичноста на патот кој власта го избрала и на кој земјата доживува развој“, рече Путин.
„Соочени со бура, криза, важно е целиот тим да работи заедно за да не се преврти чамецот“, продолжи Путин со своето експозе.
Рејтинзите на „Обединета Русија“ почнаа да паѓаат во изминативе неколку месеци. Последната анкета од почетокот на месецов покажа дека 40 проценти од руските гласачи сега би го дале својот глас за владејачката партија, што е голем пад од 60-те проценти минатиот месец. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.