Свет
Во либиските затвори илјадници “државни непријатели”
Бунтовниците апсат секого кого ќе стигнат по падот на Гадафи, јавуваат агенциите.
Бунтовниците апсат секого кого ќе стигнат по падот на Гадафи, јавуваат агенциите. Секој оној кој нема да им се допадне на бунтовниците, па било тоа да се жени и деца , се апсат. Бунтовниците го срушија Гадафи поради неговиот режим, но новинските агенции јавуваат дека сега Либија е претворена во еден голем логор. Според информациите од теренот, во затворите има над 7.000 луѓе кои се уапсени оти бунтовниците ги прогласиле за непријатели на државата. Во затворите луѓето се без судење или право на одбрана. И Обединетите нации кои пред десет месеци дозволија интервенција на силите на НАТО, информираат дека иако на тој начин го отворија патот кон рушење на режимот на Гадафи, сега на теренот се случува тешко кршење на човековите права. Според ОН, бунтовниците мачат луѓе. Беззаконието во Либија завладеа веднаш откако стана јасно дека полицијата постои само на хартија. Поголемиот дел од полицајците, според ОН, кои работеле во времето на Гадафи повеќе не работат, а оние малкуте што останале само го регулираат сообраќајот во Триполи. Власта во Либија ја претставуваат вооружените банди. За најновите случувања во Либија следната недела ќе се расправа во Обединетите нации. крај.Б92.км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.