Свет
На три милиона Корејци им е неопходна помош во храна
Обединетите нации во петокот објавија дека на милиони луѓе во Северна Кореја ќе им биде потребна помош во храна и во наредната година, предупредувајќи на зголемувањето на нивото на неухранетост меѓу децата во оваа комунистичка земја.
Обединетите нации во петокот објавија дека на милиони луѓе во Северна Кореја ќе им биде потребна помош во храна и во наредната година, предупредувајќи на зголемувањето на нивото на неухранетост меѓу децата во оваа комунистичка земја.„Речиси три милиона луѓе ќе продолжат да бараат помош во храна и во 2012 година“, го цитира AFP извештајот на Агенцијата за храна и земјоделство (FAO) при ОН и Светската програма за храна (WFP) објавен во петокот.„Медицинските лица известија дека според оцените по извршената мисија, забележано е значително зголемување на неухранетост меѓу децата“, се вели во соопштението на агенцијата чие седиште е во италијанската престолнина Рим, по посетата на земјите од Источна Азија.Во извештајот се наведуваат дека официјални претставници од голем број педијатриски оддели во Северна Кореја, укажуваат на речиси 100-процентно зголемување на бројот на случаи со докажана неухранетост од април годинава, во споредба со истиот период во 2010 година.Во извештајот се проценува и дека жетвата на Северна Кореја оваа година ќе биде околу 8,5 отсто повисока отколку во 2010 година, но се предупредува дека домашното производство и увозот на храна не беа доволни да се задоволат потребите на населението.„Останува отворен недостигот од житарки од 414.000 тони“, се наведува во спомнатиот извештај. FAO и WFP го повикаа раководството на Северна Кореја да се сврти повеќе кон механизираното и другите поефикасни форми на обработување на земјоделските површини, со цел да се зголеми продуктивноста, во што земјата многу заостанува зад соседна Јужна Кореја.Кисан Гуњал, економист од организацијата FAO, изјави дека приносот од 4,3 тони по хектар во Северна Кореја претставуваат околу 60 отсто од оној во соседната Јужна Кореја.„За надминување на оваа празнина во продуктивноста, потребно е Северна Кореја да ги зголеми земјоделските површини и да го надмине хроничниот недостиг од храна со применување соодветна технологија и мерки“, рече Гуњал/.крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Индија почнаа изборите, кои ќе траат шест недели, а ќе гласаат речиси 970 милиони
Денеска, почнаа најобемните избори во светот, а речиси 970 милиони регистрирани гласачи во Индија учествуваат во овој огромен процес, кој ќе се одвива во седум фази и ќе трае дури шест недели.
Премиерот Нарендра Моди се надева дека ќе освои трет последователен мандат во земјата со 1,4 милијарда жители. Гласачите, всушност, не го избираат директно премиерот, туку 543-те пратеници на Лок Сабха, долниот дом на парламентот на најнаселената земја во светот, објави „Дојче веле“.
На натпреварот учествуваат шест национални партии, 57 партии од индиските сојузни држави и 2.597 помали партии. Сепак, главната трка ќе биде меѓу двете најголеми политички партии во Индија: владејачката Индиска народна партија (БЈП) и опозицискиот Индиски национален конгрес (ИНЦ) или скратено Конгресната партија.
За да се спротивстави на владејачката БЈП и премиерот Моди, Конгресната партија формира сојуз од 28 партии, наречен Индиски национален развој – инклузивен сојуз.
Според анкетите, премиерот Моди и неговата хинду-националистичка БЈП се очекува да победат на изборите оваа година.
Моди е популарен лидер, делумно благодарение на агендата насочена кон хинду-мнозинството во Индија, кое сочинува 80 отсто од населението.
Свет
Русија повика на воздржаност помеѓу Израел и Иран
Русија повика на воздржаност по информациите за напад на Израел врз Иран.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денеска за новинарите дека Русија ги проучува деталите за нападот и дека ќе го коментира кога ќе се разјасни неговата природа.
„Во секој случај, без разлика на сѐ, продолжуваме да се залагаме за воздржаност од двете страни за да нема дејства што би предизвикале натамошна ескалација на тензиите во регионот“, рече Песков.
Русија и Иран имаат блиско партнерство. За време на инвазијата на Украина, Москва користи беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство.
Свет
(Видео) Туристи малтретирале мечиња за селфи, па ги фатила полиција во Северна Каролина
Во станбен комплекс во округот Бункомб, Северна Каролина, шест лица се снимени како влечат мали мечиња од гранките на дрвото за кои се држеле, а сè со цел да позираат за фотографија. Шестемина ги тегнеле двете мечиња, а едното дури им испаднало од рацете во текот на снимањето.
Кога снимките од инцидентот стигнале до експертите што се занимаваат со заштита на дивите животни, тие веднаш излегле на терен и повикале полиција. Меѓу нив бил и биологот Ешли Хобс, која за „Еј-би-си 13 њуз“ рекла дека кога пристигнала до дрвото каде што луѓето се фотографирале, пронашла само едно мече. Целото било влажно и смрзнато, па било дадено на човечка грижа и нега за да закрепне. Поради тоа, сосема е можно никогаш да не може да се вратат во дивината бидејќи мечките што растат со луѓе потоа не сакаат да ги напуштат. Неверојатно, но можно е некој да ѝ го уништил животот на мечката само за да добие убава фотографија за социјалните мрежи.
„Мечето преживеа големо трауматско искуство. На луѓето што го направија тоа им објаснивме колку е неодговорно и потенцијално смртоносно за мечето да се одвои од мајка си, а особено на овој начин да го влечат од дрвото“, рекла Хобс, пренесува „Унилад“.
По објавувањето на видеото, многумина се згрозиле од она што го направиле овие луѓе. За сето тоа морало да разговараат и со полицијата.