Свет
Демонстрантите ја блокираа зградата на египетската влада
Демонстрантите, незадоволни од назначувањето за премиер на Египет, на Камал ал-Ганзури, во петокот навечер ја блокираа зградата на владата, во главниот град Каиро во близина на плоштадот Тахрир, јавуваат египетските медиуми.
Демонстрантите, незадоволни од назначувањето за премиер на Египет, на Камал ал-Ганзури, во петокот навечер ја блокираа зградата на владата, во главниот град Каиро во близина на плоштадот Тахрир, јавуваат египетските медиуми.Демонстрантите велат дека се спротивставуваат на назначувањето на поранешниот премиер од времето на владеењето на претседателот Хосни Мубарак, повторно за п и имаат намера да не му дозволат да влезе во влезе во зградата на владата.Претседателот на Врховниот совет на египетската вооружените сили кој управува со земјата, маршалот Хусеин Тантави во петокот формално го назначи поранешниот премиер Камал ал-Ганзури за прв човек на новиот владин кабинет и му даде широки овластувања. Ал-Ганзури на неговата прва прес-конференција изјави дека започнал консултации за формирање на влада што ќе ги задоволи сите во египетското општество и нагласи дека е убеден оти Врхговниот совет на армијата наскоро ќе ја напушти власта./Камал ал-Ганзури, роден 1933 година, беше премиер на Египет во периодот од 1996 до 1999 година и ужива голема популарност и авторитетВладата на претходниот премиер Исам Параф поднесе оставка по масовните протести против уште минатата неделата. Во своето обраќање до нацијата во вторникот вечерта, шефот на Воениот совет најави дека владата ја прифатила оставката на владата на Шараф, која ја загуби довербата на поголемиот дел од Египќаните, при што им беше наложено на сите министри да ги извршуваат своите обврски до формирањето на новиот кабинет.Во Египет, речиси цела седмица продолжуваат анти-воените протести, чиј центар како во деновите на јануарското народното востание, стана каирскиот централен плоштад Тахрир. За време на судирите на демонстрантите и безбедносните сили во областа на зградата на египетското министерство за внатрешни работи, беа убиени, според официјалните податоци, 41 лице а ранети околу четири илјади. Собири за поддршка на демонстрантите од плоштадот Тахрир се одржа во сите поголеми градови во египетските провинции.Во Египет, на 28 ноември треба да се одржи првиот круг од парламентарните избори. Набљудувачите стравуваат дека гласањето нема да може да оствари, имајќи ја предвид многу нестабилната безбедносна ситуација во земјата, но воените власти во четвртокот потврди дека изборите ќе бидат спроведени во предвидениот рок./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.