Свет
Почна гласањето на 8 милиони Египќани во странство
Повеќе од 100 илјади Египќани во странство без право на глас во времето на режимот на Хосни Мубарак, веќе гласаа во рамките на парламентарните избори коишто во Египет ќе започнат во понеделник, соопшти египетската влада.
Повеќе од 100 илјади Египќани во странство без право на глас во времето на режимот на Хосни Мубарак, веќе гласаа во рамките на парламентарните избори коишто во Египет ќе започнат во понеделник, соопшти египетската влада. Гласањето се одвиваше во египетските амбасади и конзуларни претставништва во рамките на првите парламентарни избори по изнуденото повлекување на поранешниот претседател Хосни Мубарак кој со Египет владееше повеќе од четири децении. Бројот Египќани кои живеат во странство се проценува на околу осум милиони лица. Најголем дел од нив живеат во другите арапски земји. По одлуката на Врховниот совет на вооружените сили на Египет кој раководи со Египет по народниот бунт од февруари годинава со кој беше соборен режимот н Мубарак, гласањето коешто првично требаше да биде извршено во понеделник, е продолжено за уште еден ден. Околу 40 милиони гласачи ќе може да го дадат својот глас од понеделник во мигот кога на улиците од главниот град Каиро десетици илјади граѓани ја оспоруваат одлуката на воените власти мандатот за премиер до составот на новата влада да му го доверат на поранешниот премиер од ерата на Мубарак, Камал ал-Ганзури. Во текот на ноќта полицијата се обиде да ги растера демонстрантите коишто ја блокираа зградата на владата во Каиро, во обидот да не му дозволата на ал-Ганзури да влезе во неа.Изборите ќе се одвиваат во три круга, а резултатите од сите три круга ќе бидат познати на 13-ти јануари идната година. /крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „постои ризик Европа да умре“ за време на говорот на Универзитетот Сорбона во Париз.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува Ројтерс.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.