Свет
НАТО вети истрага за инцидентот во Пакистан
Командантот на силите на НАТО во Авганистан, генералот Џон Ален, во саботата изјави дека Алијансата ќе спроведе детална истрага за инцидентот на пакистанско-авганистанската граница кога во хеликоптерски напад беа убиени 28 а ранети 15 пакистански војници.
Командантот на силите на НАТО во Авганистан, генералот Џон Ален, во саботата изјави дека Алијансата ќе спроведе детална истрага за инцидентот на пакистанско-авганистанската граница кога во хеликоптерски напад беа убиени 28 а ранети 15 пакистански војници. Генералот Ален рече дека лично ќе посвети внимание на спроведувањето детала на истрага и им изрази сочувство на семејствата на убиените пакистански војници кои загинаа во нападот.Претставници на пакистанската армија изјавија дека неколку НАТО хеликоптери упаднале во воздушниот простор на Пакистан од Авганистан и извршиле воздушент напад врз контролен пункт во племенска област Моманд во северо-западниот дел од земјата во близина на границата со Авганистан. Во нападот загинаа најмалку 28 војници а 14 се ранети. Ова не е прв ваков напад на хеликоптери на НАТО врз припадници на пакистанската армија. Така, на 30-ти септември 2010 година во племенскиот регион Оракзаи на границата со Авганистан, хеликоптери отворија оган врз пакистанските војници. Притоа загинаа две лица, а четворица беа повредени.Минатата година, инцидентот предизвика сериознo заладување на односите меѓу Пакистан и НАТО. Исламабад изјави дека таквата акција на западните сили „е во спротивност со суверенитетот на земјата“. Потоа, во знак на протест Пакистан го затвори речиси две седмици коридорот за логистичка поддршка за силите на НАТО во северниот дел кон пакистанскиот граничен пункт Торхам./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.