Свет
Адвокатот на Брејвик има намера да го донесе случајот пред суд
Адвокатот на Норвежанецот Андрес Бехринг Брејвик, Гејир Липестад изјави дека не е изненаден од психијатриското вештачење според коешто неговиот клиент е прогласен за умоболен, и дека е посветен на работата случајот да го донесе пред суд.
Адвокатот на Норвежанецот Андрес Бехринг Брејвик, Гејир Липестад изјави дека не е изненаден од психијатриското вештачење според коешто неговиот клиент е прогласен за умоболен, и дека е посветен на работата случајот да го донесе пред суд.Андерс Брејвик, самопрогласениот активист против доселувањето на странците во неговата татковина Норвешка, страда од параноична шизофренија и не може да се појави пред судот, и ќе биде испратен на задолжително лекување, гласи заклучокот на норвешките психијатри кои го иследуваа обвинетиот за извршување на двојниот терористички чин во кои загинаа 77 луѓе, претежно млади луѓе посетители на летниот камп на владејачката Лабуристичка партија, што е најголемиот масакр во Норвешка од Втората светска војна. „Таков е заклучокот – умоболен“, изјави обвинителот Свен Холден на прес-конференцијата во вторникот. Тој појасни дека вештачењето покажало дека Брејвик живее во свет на илузии и неговите мисли и дела се управувани од тој свет. Според Холден, Брејвик боледува од параноидна шизофренија и бил психотичен во времето на нападите. Психијатрите како илузии го опишале „тоа што Брејвик себеси се смета за избран да одлучува кој ќе живее а кој мора да умре, и дека токму тој е избраниот да ги спаси луѓето коишто тој ги нарекува својот народ“. На вештаците Брејвик им рекол дека себеси се смета за „најсовршениот витез“ по Втората светска војна. Најавил дека неговиот ред Витези темплари ќе ја преземат Европа а себеси се гледа како иден владетел на Норвешка и на континентот. Психијатрите, исто така, набележале во извештајот дека Брејвик има „репродукциски планови со Норвежаните и има намера да ги организира како резерва“.Во манифестот што Брејвик го има објавено на интернет пред нападот напиша дека сака Норвешка да ја заштити од заканите на муслиманските доселеници.Доколку судот го прифати наодот на експертите, Брејвик наместо во затвор ќе биде сместен во психијатриска клиника во којашто би останал сé додека се смета опасен за општеството. Но доколку би се проценило дека е излечен, би можело да биде отпуштен „Доколку не биде психотичен и не би претставувал закана за општестовото, неговата пресуда би можела да биде укината“, изјави обвинителката Инга Бејер Енг. Судот би можел да го отфрли вештачењето на психијатрите и да одреди ново, но според локалните медиуми, тоа многу ретко се прави во Норвешка. За време на објавувањето на заклучокот до вештачењето на Брејвик сочинето на 290 страници, неговиот адвокат Гејир Липестад престојуваше во САД каде собирал информации за делото на својот клиент, а објавувањето на вештачењето го следел од хотелската соба, јави телевизијата NRK. „Случајот доби нов пресврт. Ние ќе работиме со него до моментот кога ќе почне судскиот процес“, изјави адвокатот Липестад за норвешката телевизија NRK.Во тоа време, сé уште не го знаел наодот на психијатрите за Брејвик. Затоа, не можеше да се предвиди и реакцијата на неговиот адвокат. Според норвешките медиуми веста на обвинетиот пресудата треба да му биде соопштена до крајот на денот. „Го разбирам разочарувањето на обичните луѓе, кои се надеваа дека на Брејвик ќе му се суди“, вели Липестад.Доколку судот го прифати вештачењето, на Брејвик сепак ќе му се суди но нема да заврши во затвор.Многу повеќе отколку во другите држави, кривичниот систем во Норвешка се базира повеќе на принципот на рехабилитација отколку на казнување. Мислењата во норвешкото општество се поделени по вештачењето. Некои, како претставниците на Партијата на прогресот, се незадоволни од резултатите од експертизата, и имаат намера да побараат ревизија. Некои од роднините на жртвите на Брејвик веруваат дека казната, пред сè, треба да го спречува самиот обвинет.Вестите за недоветноста на Брејвик активно се толкуваат преку социјалните мрежи. „Дали еден луд човек толку внимателно и темелно може да ги планира своите злосторства“, е прашањето што најмногу си го поставуваат Норвежаните.Сега специјална комисија ќе ги разгледа наодите на експертите, а конечната одлука за тоа дали Брејвик ќе биде сместен во психијатриска болница од затворен тип или во затвор – ќе одлучи судот. Тоа ќе се случи, како што е претходно предвидено, на 16 април следната година, изјавија претставници на судот.Брејвик кој е обвинет за масакрот извршен на 22 јули оваа година, во двоен напад во Осло и на островот Утеија, планирал да ги убие норвешкиот министер за надворешни работи Јонас Гар Стер, поранешната премиерка 72-годишната Гро Харлем Брунтланд, како и лидерот на подмладокот на Лабуристичката партија на Норвешка, Ескил Педерсен, кои ги нарекол „предавници од категорија А“ и планирал „со нив да се пресмета“ на островот Утеија. Според норвешкиот печат, тој со експлозијата што ја подметна во центарот на Осло, каде е канцеларијата на премиерот на Норвешка, планирал зданието „да го срамни со земја’, но во тоа за среќа не успеал.Во двојниот напад во Норвешка од 22 јули загинаа 77 лица. Во првиот напад, кога бомба експлодираше во центарот на норвешката престолнина крај комплексот владини згради загинаа осум лица. Половина час подоцна облечен во полициска униформа, 32-годишниот Брејвик отвори оган во летниот младински камп на владејачката Лабуристичка партија кој се одржуваше на островот Утеија во близина на Осло. Во овој напад беа убиени 69 луѓе.Брејвик откако беше уапсен истиот ден досега се наоѓа во притвор, без право на посети, водење преписка и користење интернет. На 14-ти ноември, Окружниот суд во Осло му го продолжи притворот за уште 12 седмици, до 6-ти февруари 2012 година. Според одлуката на судот, забраната за медиумите да имаат пристап до осомничениот ќе биде симната четири седмици од новиот притворен рок, а по истекувањето и на осмата седмица од притворот ќе биде воведена контрола за неговите преписки и посети.Брејвик уште на првиот распит го призна извршувањето на масакрот што норвешките власти го карактеризираа како терористички чин, но се изјасни дека не се чувствува виновен. Овој став тој го повтори и пред две седмици, објаснувајќи дека „тој ги извршил своите акции во борбата против мултикултурализмот во Норвешка“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД презедоа нови чекори за да се осигураат дека американската технологија за оружје нема да заврши во Русија
„САД побараа од американските компании да престанат да доставуваат стоки на повеќе од 600 субјекти во странство поради стравувањата дека нивните производи би можеле да бидат пренасочени во Русија и да се користат во инвазијата на Украина“, изјави вчера американски функционер.
Американското Министерство за трговија издаде писмени предупредувања до најмалку 20 компании во последните недели, што е последен обид да се запрат руските воени напори во Украина, изјави претставник на Министерството за трговија.
Имено, овие компании произведуваат и продаваат компоненти пронајдени во проектили и дронови на украинска територија.
Откако Русија ја нападна Украина во 2022 година, САД и повеќе од 30 други земји воведоа серија санкции со цел да ги ослабат руските борбени способности за да го спречат пристапот до западната технологија. Сепак, американските компоненти сè уште се наоѓаат во руското оружје оставено на бојното поле во Украина, забележува Ројтерс.
„Во последните неколку недели испративме писма на адресите на повеќе од 20 американски компании, а секоја содржи список со повеќе од 600 странски субјекти“, рече помошникот државен секретар Метју Акселрод на годишната конференција за контрола на извозот.
„Во нашите писма баравме американските компании доброволно да престанат да снабдуваат стоки за овие земји поради високиот ризик од нивно пренасочување кон Русија“, истакна Акселрод.
Акселрод рече дека одредени американски претставници, исто така, директно контактирале со лидерите на американските компании за да разговараат за понатамошните чекори што може да се преземат за да се спречи нивните производи да завршат во Русија.
Регион
Почна нова детална потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче
Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во Бањско поле и рано утринава започнале детално пребарување на просторот околу куќата пред која исчезнало двегодишното девојче.
Екипите се состојат од 18 пожарникари-спасувачи со 5 теренски возила и едно куче.
Припадниците на српската полиција во континуитет ги преземаат сите мерки и дејствија за пронаоѓање на девојчето и утврдување на сите факти и околности за нејзиното исчезнување, информираат од Министерството за внатрешни работи на Србија.
Што правеа багерите вчера околу куќата од каде што исчезна Данка
Вчера околу куќата каде исчезна Данка во Бањско поле имаше два багери.
Според Телеграф.рс, багерите првенствено работеле на расчистување на теренот бидејќи куќата била опкружена со депонија, па полицијата за полесни претреси го расчистува просторот од гломазен и друг отпад.
„Сечат дрвја и го отстрануваат отпадот бидејќи околу куќата има депонија“, јави репортер од местото на настанот.
Европа
Голем руски напад врз Украина, Полска ги подигна борбените авиони
Руските сили рано утринава ја напаѓаа инфраструктурата во областа Камјанск во близина на украинскиот град Днипро, при што е повредено најмалку едно лице, изјави регионалниот гувернер, додека медиумите во Суспилна објавија дека има експлозии и во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки.
„Непријателот ја нападна критичната инфраструктура во регионот. Главна цел на непријателот е нашиот народ и виталните места за населението“, напиша на Телеграм гувернерот на регионот Дњепропетровск, Серхиј Лисак.
Лисак не објасни за каков напад станува збор, но коментаторите на Телеграм известија за употребените проектили и експлозиите во областа. Исто така, наводно имало и прекин во снабдувањето со електрична енергија и вода.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите од областа. Украинските медиуми јавуваат дека експлозии се слушнале и во Лавов, град на крајниот запад на Украина.
Медиумската куќа Суспилна објави за руски крстосувачки ракети во украинскиот воздушен простор и експлозии во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки и градот Днипро, додавајќи дека не е познато дали проектилите погодиле некоја цел.
Руските сили извршија големи напади врз објектите на енергетската инфраструктура во последните неколку недели, вклучувајќи го и масовниот напад на 22 март, кој Киев го опиша како најголем таков напад од инвазијата на московските сили во февруари 2022 година.
Оперативната команда на полските вооружени сили соопшти дека полските и сојузничките авиони биле активирани рано утринава откако Русија извршила ракетни напади врз Украина.
„Полските и сојузничките авиони летаат во полскиот воздушен простор, што може да резултира со зголемени нивоа на бучава, особено во југоисточниот дел на земјата“, објави командата на социјалната платформа „Икс“.
Југоисточниот дел на Полска се граничи со Украина, додаде Ројтерс.